0-removebg-preview-1

+30 други држави

Möller’s омега-3 масло од црн дроб на бакалар со вкус на јаболко

Möller’s масло од црн дроб на бакалар со вкус на зелено јаболко е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне да се одржи здравјето на генерациите што доаѓаат. Молерс е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи кои се продаваат во аптеките ширум светот. Овие факти се резултат на голема посветеност што ние во Молерс ги сфаќаме сериозно.

Möller’s  маслото од црн дроб на бакалар е природен извор на Омега-3 ( ДХА+ЕПА ), добиено од див арктички бакалар кој е особено богат со омега-3 масни киселини, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.

Möller’s содржи уникатна комбинација на природна омега-3(ДХА+ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутритиенти кои се особено важни за правилен и нормален развој на мозокот, срцето, видот и придонесува за нормален имунолошки систем.

Состав

98% Масло од црн дроб на бакалар (риба),  природна арома (јаболко), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли(антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д).

ДХА придонесува за одржување на нормална функција на мозокот и видот **
ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето ***
Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.
Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид.
Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес

**Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА.
***Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА и ЕПА

Напомени

По отварањето производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.
*За употреба на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар за бебиња кои се на исхрана со адаптирано или последователно млеко потребна е претходна консултација со лекар бидејќи адаптираното и последователното млеко во себе содржи витамин Д и ДХА есенцијални масни киселини.

Дозирање и начин на употреба

Препорачана дневна доза за возраст од 3 години и возрасни: 5мл.*
Препорачана дневна доза за возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5мл.*

Во кој дел од денот да ја земам дневната доза Молерс масло?

Наша препорака е да ја земете вашата дневна доза Молерс масло наутро после појадокот за да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата дневна доза Möller’s.

Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.

Scroll to Top