Молерс омега 3 масло-зелено јаболко

Mollers Omega 3 Zeleno jabolko
Молерс Омега 3 масло од црн дроб на бакалар со вкус на зелено јаболко

Масло од црн дроб на бакалар 250мл

Möller’s е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне да се одржи здравјето на генерациите што доаѓаат.
Möller’s е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи кои се продаваат во аптеките ширум светот. Овие факти се резултат на голема посветеност што ние во Möller’s ги сфаќаме сериозно.
Möller’s  маслото од црн дроб на бакалар е природен извор на Омега-3, добиено од див арктички бакалар, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.
Möller’s
содржи уникатна комбинација на природна омега 3 и витамини Д, А и Е – нутритиенти кои се особено важни за оптимален раст и развој и за одржување на нормално здравје.

Дозирање и начин на употреба:

Препорачана дневна доза за возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5мл.*
Препорачана дневна доза за возраст од 3 години и возрасни: 5мл.*
* Наша препорака е да ја земете вашата дневна доза Möller’s наутро после појадокот за да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата дневна доза Möller’s
*
По отварањето производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.

*За употреба на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар за бебиња кои се на исхрана со адаптирано или последователно млеко потребна е претходна консултација со лекар бидејќи адаптираното и последователното млеко во себе содржи витамин Д и ДХА есенцијални масни киселини.

Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.

СоставЗа 2,5млЗа 5мл
Масло од црн дроб на бакалар2273мг4546мг
Омега-3 масни киселини600мг1200мг
-ДХА (докосахексаеноична киселина) 300мг600мг
-ЕПА (еикосапентаеноична киселина) 200мг400мг
Витамин Д5мкг (200и.е.) 100%* 10мкг (400и.е.) 200%*
Витамин А125мкг (15,5%)* 250мкг (31%)*
Витамин Е1,5мг (12,5%)* 3мг (25%)*
Додаток на исхрана со вкус на јаболко

Придонесува за одржување на нормално здравје

1(една) лажичка (5мл) од  Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со вкус на зелено јаболко содржи >98% (4546мг) масло од црн дроб на бакалар.  
Möller’s  маслото од црн дроб на бакалар со вкус на зелено јаболко во 5мл содржи 1200мг природни есенцијални масни киселини Омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е.
ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето**.
ДХА придонесува за одржување на нормална функција на мозокот и видот***.

Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.

Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид и нормална функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

За целосен развој секоја капка е важна!

Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со вкус на зелено јаболко е особено богат со ДХА. Научно е докажано дека ДХА придонесува за нормален развој на мозокот и видот. Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција и употреба на калциумот и притоа придонесува за одржување на здрави коски. 


**Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА и ЕПА.
***Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА.

Норвешки квалитет од 1854 година

Möller’s не прави компромис кога станува збор за квалитетот. Нашето масло од црн дроб на бакалар се прави од свеж арктички бакалар, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка. Ние сме целосно посветени на нашата работа, произведувајќи ги најдобрите производи за вашето здравје уште од 1854 година, кога норвешкиот фармацевт Питер Молер го револуционизираше производството на масло од црн дроб на бакалар. Неговата иновација во процесот на екстракција – методот на екстракција со пареа, се користи и до денешен ден и на тој начин добиеното масло е особено прочистено, чувајќи ги сите квалитети на Омега-3 масните киселини и витамините Д, А и Е непроменети.

Möller’s – Природно и совршено, од првата до последната капка ❤

Ваши коментари:

„Го користиме со години, уште пред да дојде во Македонија, и го препорачувам на сите. Во многу истражувања е еден од подобрите според карактеристиките“

– Ана

„Јас си го пијам редовно и сум презадоволна и од вкусот и од квалитетот. Поздрав.“

– Иванка

„Нај врв на свет, без конкуренција!“

– Александар

„Супер е 5+ ❤❤❤“

– Ана

„Вкусот на зеленото јаболко и квалитетот на Норвешка го прават новиот Mollers неопходен за секоја генерација 🍏“

– Сандра

„Најдобар додаток во исхрана. Единствен производ кој помага за добар имунитет.“

– Билјана




    This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.