Möller’s ТОТАЛ 14 капсули + 14 таблети
25 активни состојки
Омега-3
Витамини и минерали
590,00 ден
Oпис на производот
Во текот на животот, сите се соочуваме со тешки периоди: стрес, густ распоред, испити, опоравување од различни болести или периоди на долготраен физички и ментален напор. Покрај урамнотежената исхрана и здравиот начин на живот, на телото му е потребен и соодветен дневен внес на витамини и минерали.
Möller’s Total е скандинавски иновативен производ кој во една дневна доза комбинира една капсула и една таблета со вкупно 25 активни состојки. Оваа модерна формула е развиена во фабриката на Orkla, со големо внимание на деталите: капсулата е со мала големина и без вкус на риба по голтањето, а таблетата е во форма на бадем за полесно голтање.
Комплекс од 25 најважни витамини, минерали, природни екстракти и омега-3 масни киселини.
Преку активните состојки, Möller’s Total придонесува за:
Намалување на заморот и исцрпеноста
(фолна киселина, железо, магнезиум, витамин Ц, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12)
Нормална функција на имунолошкиот систем
(железо, селен, цинк, витамин А, Б6, Б12, Ц и Д)
Витаминот Д е присутен во капсулата и таблетата, со што добивате вкупно 20 μg (800 и.е.) витамин Д.
Нормална функција на срцето, мозокот и видот
ДХА придонесува за нормална функција на мозокот и видот.
ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.
Корисен ефект се постигнува со дневен внес од 250 mg ДХА и ЕПА.
Производител: Orkla Health, Данска.
Начин на користење
За да ви помогнем полесно да се потсетите на вашата дневна доза, блистерот е обележан со деновите од неделата.
Земете една капсула и една таблета дневно со чаша вода.
По 3 месеци редовна употреба, се препорачува да направите пауза од 3 недели.
Деца под 11 години, бремени жени и доилки не треба да го користат овој производ.
Möller’s Total е наменет за диететско регулирање на рахитис и нарушена функција на видот – ретинопатија.
Важна напомена:
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да го користат лица кои се преосетливи или алергични на риба или на некоја од состојките на производот.
Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.
Производот мора да се користи под лекарски надзор.
Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана.
Начин на чување:
Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на суво место, заштитено од светлина и влага, на температура од 15 °C до 25 °C.
Состав на производот
Состав во една таблета:
Полнила: дикалциум фосфат, микрокристална целулоза, вкрстено поврзана натриум карбоксиметилцелулоза, трикалциум фосфат; магнезиум хидроксид; 3-4:1 хидроетанолен екстракт од корен од Корејски панакс женшен, со 8% гинсенозиди; витамин Ц / Л-аскорбинска киселина; малтодекстрин; витамин Е / ДЛ-алфа токоферол ацетат 50% (модифициран скроб, сахароза, пченкарен скроб, натриум силикат); средства за глазирање: соли на магнезиум масни киселини, хидроксипропилметилцелулоза, шелак, талк, модифициран скроб, хидроксипропилцелулоза, карнеуба восок; железен фумарат, витамин Б3 / никотинамид; цинк оксид; 20:1 хидроетанолен екстракт од корен Родиола роза, со 3% розазин и 1% салидрозид; цвет од глог и лист во прав (Crataegus monogyna / C. laevigata); витамин Б5 / Д-калциум пантотенат; витамин Д3 / холекалциферол 0,25% (сахароза, гума арабика, пченкарен скроб, триглицериди со среден ланец, трикалциум фосфат, ДЛ-алфа токоферол); манган сулфат монохидрат; навлажнувачи: глицерол; бакар сулфат пентахидрат; витамин А / ретинол ацетат (гума арабика, сахароза, пченкарен скроб, натриум аскорбат, ДЛ-алфа токоферол, силициум диоксид); витамин Б12 / цијанокобаламин 0,1% (малтодекстрин, трисатриум цитрат, лимонска киселина); витамин Б6 / пиридоксин хидрохлорид; витамин Б2 / рибофлавин; витамин Б1 / тиамин; триглицериди со среден ланец (од кокосово масло); фолна киселина / птероилмоноглутаминска киселина; хром (III) хлорид хексахидрат; натриум молибдат дихидрат; безводен натриум селенит; калиум јодид.
Активни состојки
Во 1 таблета и 1 капсула:
Витамини
Витамин А – 250 µg – 31% НРВ*
Витамин Б1 – 1,1 mg – 100% НРВ*
Витамин Б2 – 1,4 mg – 100% НРВ*
Витамин Б3 – 16 mg – 100% НРВ*
Витамин Б5 – 6 mg – 100% НРВ*
Витамин Б6 – 1,4 mg – 100% НРВ*
Витамин Б12 – 2,5 µg – 100% НРВ*
Витамин Ц – 80 mg – 100% НРВ*
Витамин Д3 – 20 µg (800 И.Е.) – 400% НРВ*
Витамин Е – 12 mg – 100% НРВ*
Фолна киселина – 200 µg – 100% НРВ*
Минерали
Магнезиум – 85 mg – 23% НРВ*
Железо – 7 mg – 50% НРВ*
Цинк – 10 mg – 100% НРВ*
Манган – 2 mg – 100% НРВ*
Бакар – 1 mg – 100% НРВ*
Хром – 40 µg – 100% НРВ*
Молибден – 50 µg – 100% НРВ*
Селен – 55 µg – 100% НРВ*
Јод – 22,5 µg – 15% НРВ*
Останати активни состојки
Екстракт од Женшен – 100 mg
Женшенoиди – 8 mg
Екстракт од Родиола – 10 mg
Екстракт од Глог – 10 mg
Рибино масло – 569,7 mg
Омега-3 масни киселини – 375 mg
ЕПА – 180 mg
ДХА – 135 mg
