Веројатно веќе знаете дека составот на мајчиното млеко е од клучно значење за здравјето на вашето дете. Но, дали знаевте дека додатоците на омега-3 можат позитивно да влијаат врз развојот на мозокот и видот кај вашето бебе?

Како нов родител на вашето прво дете, превземањето одговорност за еден сосема нов живот може да изгледа како совладачка и застрашувачка задача. Сосема е нормално да се грижите да не направите некоја грешка. Зашто бебето толку плаче, како да го заспијам, дали правилно се развива? Но, запомнете дека во најголем број случаи сè се одвива во најдобар ред и бебето израснува здраво и силно.
За среќа, повеќето луѓе не мора да се грижат со што треба да се храни нивното бебе. Природата веќе се погрижила да ја обезбеди најдобрата можна храна за вашето новороденче, а тоа е мајчиното млеко. Затоа, многу поважно е да се осигурате дека вие ги добивате сите потребни хранливи материи додека доите.
Обезбедете си го потребното за време на доењето
Според Норвешката управа за здравство, хранливата вредност на мајчиното млеко е директно условена од исхраната на мајката. Затоа, вашата исхрана треба да биде добро избалансирана, да обезбедува доволно енергија за производство на млеко и да ги содржи сите нутритиенти што им се потребни и на мајката и на детето во периодот на доење. За мајките што дојат важат истите совети за здрава исхрана како и за останатиот дел од популацијата, со одделни исклучоци.
Омега-3 и ДХА (DHA) се важни хранливи материи
Една од хранливите материи за која треба посебно да внимавате да ја внесувате во доволни количини за време на доењето е омега-3. Омега-3 ја содржи масната киселина ДХА (DHA), која придонесува за оптимален развој на мозокот и видот! Мозокот и видот минуваат низ огромен развој во првата година од животот, па затоа е исклучително важно вашето бебе да добива доволно од оваа масна киселина. Само помислете на сите работи што вашето малечко ќе ги научи и на сè она што ќе го види за прв пат!
Витамин Д за мајката и бебето
Нашиот главен извор на витамин Д е рибиното масло, но за многу луѓе е тешко да консумираат доволно масна риба преку исхраната.
Норвешката управа за здравство препорачува редовна консумација на масна риба или масло од црн дроб на бакалар, со цел да се зголеми содржината на омега-3 масни киселини во мајчиното млеко. Маслото од црн дроб на бакалар како додаток во исхраната е одличен извор на витамин Д за жени што дојат. На бебето му се потребни додатоци на витамин Д покрај оној што го добива преку мајчиното млеко.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар исто така ја содржи омега-3 масната киселина ДХА, која норвешката управа за здравство посебно ја истакнува во своите препораки за бремени жени.
Да се стане родител е прекрасно и чудесно искуство, но со себе носи и цел нов свет на грижи. Убаво е да се запомни дека 99% од грижите никогаш не се остваруваат и дека најважно е да користите здрава логика и да му дадете на вашето дете многу, многу љубов.
Извор: Норвешка управа за здравство