Möller’s за возрасни и постари лица

Оригиналното Möller’s Омега-3 масло од црн дроб на бакалар се препорачува за возрасни и постари лица со цел во телото да се внесат есенцијалните масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е:

  • Придонесува за правилно функционирање на срцето
  • Придонесува за силни и здрави коски
  • Придонесува за здрави заби
  • Ја поддржува мозочната активност и функцијата на мозокот
  • Придонесува за подобар вид
  • Го поддржува имунолошкиот систем.

Ефикасноста на Омега-3 масните киселини е докажана од над 15.000 научни статии. Омега-3 есенцијалните полинезаситени масни киселини имаат голема ефикасност во примарната и секундарната превенција на кардиоваскуларните болести. Многу клинички испитувања вклучуваат консумирање на рибино масло за низок ризик од кардиоваскуларни проблеми како што се миокарден инфаркт, коронарна артериска болест, атријална фибрилација, аритмија и др. Дневниот внес на подолг период (1-5 години) има голем придонес кон намалување на холестеролот и крвниот притисок, намалување на триглицеридите, подобрување на кардиоваскуларната циркулација.

AХA (Американска асоцијација за срце) препорачува комбинација на EPA + DHA во доза од 1g/ден кај сите пациенти со коронарна артериска болест. Други важни организации, како што се Светската здравствена организација, Европското здружение за кардиологија, Британскиот научен советодавен комитет за исхрана препорачуваат поголема конзумација на риба. За пациенти со хипертриглицеридемија, зголемениот внес на Омега-3,  4гр/ден е одобрен од FDA(Американската агенција за храна и лекови) и може да се комбинира со класични терапии (статини, ниацин и сл.).

Не помалку од 5,7 животи на 1000 пациенти со акутен миокарден инфаркт може да се спасат со конзумирање на 1гр  Омега-3/ден за 1 година!

Важно! При изборот на производ со Омега-3 внимателно проверете ја етикетата. Често производот (капсула или течна варијанта) има 1 g или повеќе омега-3 рибино масло/масни киселини, но количината ДХА и ЕПА – најважните Омега-3 масни киселини е многу помала. Течни варијанти (како што е Möller’s маслото од црн дроб на бакалар) има голема концентрација на ДХА и ЕПА (>1g), за разлика од капсулите, каде концентрацијата е генерално многу помала. Омега-3 есенцијалните полинезаситени масни киселини имаат голема ефикасност:

  • За подобри когнитивни перформанси (значително го намалува ризикот од Алцхајмерова болест). Менталното опаѓање во функцијата на мозокот е една од неизбежните последици на стареењето. Постојат студии и анализи кои покажале дека внесувањето на повисоки дози на омега-3 го намалуваат овој ментален пад, но и го намалуваат ризикот од развој на Алцхајмеровата болест (Fotuhi M, 2009; Cole CM, 2009; Mohajeri MH, 2015).
  • Омега-3 ги намалува ризико факторите за коронарна срцева болест
  • Придонесува во намалување на болката, отокот и вкочанетоста во зглобовите
  • Придонесува за здрави коски (превенција од остеопороза). Систематскиот преглед за влијанието на омега-3 врз остеопорозата објавен во British Journal of Nutrition во 2012 година реферира сигнификантно подобрување на минерализацијата на коските под влијание на омега-3.
  • Омега-3 го ублажуваат ревматоидниот артритис. Ревматоидниот артрит е болест која повеќе ги напаѓа жените во однос на мажите, а исто така и тежината на симптомите се поизразени кај жените. Повеќе студии покажале дека користењето на масло од риба, а особено од бакалар ги намалува зглобните болки и вкочанетоста кај ревматоидниот артрит. Последните студии покажуваат и сигнификантно подобрување во крајниот клинички исход на ревматоидниот артрит.
  • Омега-3 го намалува ризикот од малигни болести. Засега постојат релативно лимитиран број на клинички студии, но постојат епидемиолошки студии (проучувања како болеста се шири и може да се контролира) кои покажуваат дека внесувањето на омега-3 го намалува ризикот од карцином на дојка (Carol J Fabian, 2015), простата (Terry PD, 2004) и на дебело црево (Theodoratou E, 2007; Zhong X, 2013).
  • Омега-3 и редукцијата на масти во јетра. Студиите (Bouzianas DG , 2013 и Parker HM, 2012) покажале дека суплементацијата со омега-3 масните киселини ефективно и ефикасно ги намалуваат хепаталните масти и инфламацијата кај пациенти со не-алкохолната хепатална болест.
  • Придонесува при проблеми со варењето, дебелината и доброто функционирање на цревниот тракт
  • Придонесува за намалени белодробни заболувања
  • Омега-3 и кожата. ДХА е структурна компонента на кожата. Таа е одговорна за здравјето на клеточните мембрани, што резултира со мека, влажна, еластична и кожа без брчки. Во основа дел од ефектите се должат и на влијанието на ЕПА која ја менаџира исто така хидратацијата на кожата, продукцијата на масленоста на истата, превенција на хиперкератинизацијата на фоликулите на косата, го успорува стареењето на кожата и ризикот од појава на акни.

Notice: Undefined index: disable_clientside_script in /home/mollersmk/public_html/wp-content/plugins/seo-image-alt-tags/classes/class-sit-scripts.php on line 26