Möller’s масло од црн дроб на бакалар ЈАБОЛКО 250мл
250 ml
Омега-3 масни киселини (DHA + EPA)
Со витамини A, D и E
1.240,00 ден
Oпис на производот
Möller’s масло од црн дроб на бакалар со вкус на зелено јаболко е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне да се одржи здравјето на генерациите што доаѓаат.
Möller’s е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи што се продаваат во аптеките ширум светот.
Овие факти се резултат на голема посветеност што ние во Möller’s ги сфаќаме сериозно.
Möller’s масло од црн дроб на бакалар е природен извор на Омега-3 (ДХА + ЕПА), добиено од див арктички бакалар кој е особено богат со омега-3 масни киселини, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.
Möller’s содржи уникатна комбинација на природна Омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутриенти кои се особено важни за правилен и нормален развој на мозокот, срцето и видот и придонесуваат за нормален имунолошки систем.
ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и видот.**
ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.***
Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.
Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид.
Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
**Се постигнува со дневен внес од 250 mg ДХА.
***Се постигнува со дневен внес од 250 mg ДХА и ЕПА.
Без мирис и вкус на риба!
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ
Препорачана дневна доза за деца на возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5 ml.*
Препорачана дневна доза за деца од 3 години и возрасни: 5 ml.*
НАПОМЕНИ
По отворањето, производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.
Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.
Производител: Orkla Health, Осло, Норвешка.
Начин на користење
Препорачана дневна доза за деца на возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5 ml.
Препорачана дневна доза за деца од 3 години и возрасни: 5 ml.
Препорачаната дневна доза не смее да се надминува.
Неотворен производ да се чува на температура од 5 °C до 25 °C, на суво и темно место.
По отворањето, производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.
Да се чува подалеку од дофат на деца!
Производот е додаток на исхрана и не се употребува како замена за разновидна исхрана.
Состав на производот
Масло од црн дроб на бакалар (риба), природна арома (јаболко), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли (антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д).
Состав
За 2,5 ml:
Масло од црн дроб на бакалар (98%) – 2273 mg
Омега 3 масни киселини – 560 mg
ДХА (докосахексаеноична киселина) – 255 mg
ЕПА (еикосапентаеноична киселина) – 185 mg
Витамин Д – 5 μg (200 и.е.) 100%*
Витамин А – 125 mg (416 и.е.) (15,5%)*
Витамин Е – 1,5 mg (1,65 и.е.) (12,5%)*
За 5 ml:
Масло од црн дроб на бакалар (98%) – 4546 mg
Омега 3 масни киселини – 1120 mg
ДХА (докосахексаеноична киселина) – 510 mg
ЕПА (еикосапентаеноична киселина) – 370 mg
Витамин Д – 10 μg (400 и.е.) 200%*
Витамин А – 250 mg (833 и.е.) (31%)*
Витамин Е – 3 mg (3,3 и.е.) (25%)*
