Möller’s омега-3 масло од црн дроб на бакалар со вкус на лимон

250 ml
Омега-3 масни киселини (DHA + EPA)
Со витамини A, D и E

Oпис на производот

Möller’s масло од црн дроб на бакалар со вкус на лимон е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне во одржувањето на здравјето на генерациите што доаѓаат.

Möller’s е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи што се продаваат во аптеките ширум светот.

Овие факти се резултат на голема посветеност, која ние во Möller’s ја сфаќаме сериозно.

Möller’s масло од црн дроб на бакалар е природен извор на Омега-3 (ДХА + ЕПА), добиено од див арктички бакалар, особено богат со омега-3 масни киселини. Бакаларот се лови во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.

Möller’s содржи уникатна комбинација од природна Омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутриенти кои се особено важни за правилен и нормален развој на мозокот, срцето и видот и придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.

ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и видот.

ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.

Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.

Витаминот А придонесува за одржување на нормален вид.

Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Овие придобивки се постигнуваат со дневен внес од 250 mg ДХА.

За придобивките од ДХА и ЕПА, се постигнува со дневен внес од 250 mg ДХА и ЕПА.

Без мирис и вкус на риба!

Производител: Orkla Health, Осло, Норвешка.

Препорачана дневна доза за деца на возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5 ml.

Препорачана дневна доза за деца од 3 години и возрасни: 5 ml. Препорачаната дневна доза не смее да се надминува.

Неотворен производ да се чува на температура од 5 °C до 25 °C, на суво и темно место.
По отворањето, производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.

Да се чува подалеку од дофат на деца!

Производот е додаток на исхрана и не се употребува како замена за разновидна исхрана.

Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање.

Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.

Масло од црн дроб на бакалар (риба), природна арома (лимон), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли (антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д).

Состав

За 2,5 ml:

Масло од црн дроб на бакалар (97%) – 2233 mg
Омега 3 масни киселини – 550 mg
ДХА (докосахексаеноична киселина) – 250 mg
ЕПА (еикосапентаеноична киселина) – 180 mg
Витамин Д – 5 μg (200 и.е.) 100%*
Витамин А – 125 mg (416 и.е.) (15,5%)*
Витамин Е – 1,5 mg (1,65 и.е.) (12,5%)*

За 5 ml:

Масло од црн дроб на бакалар (97%) – 4466 mg
Омега 3 масни киселини – 1110 mg
ДХА (докосахексаеноична киселина) – 500 mg
ЕПА (еикосапентаеноична киселина) – 360 mg
Витамин Д – 10 μg (400 и.е.) 200%*
Витамин А – 250 mg (833 и.е.) (31%)*
Витамин Е – 3 mg (3,3 и.е.) (25%)*

Референтна вредност во ЕУ

Шифра: 9011
Scroll to Top