Број 1 омега-3 бренд во Норвешка
Информации: 02 2774 101 · Пон–Пет 8–16 ч.

Möller’s масло од црн дроб на бакалар ЈАБОЛКО 250мл

Природни омега-3 масни киселини.
Правилен и целосен развој на мозокот.
Природна заштита и силен имунитет.
Здрави и цврсти коски и заби.
За подобра концентрација и меморија.
Чисто и квалитетно. Од норвешките ладни води на Лофотен и Вестерален.

Опис на производот

Möller’s масло од црн дроб на бакалар е природен извор на омега-3 (ДХА + ЕПА), добиено од див арктички бакалар кој е особено богат со природни омега-3 масни киселини (во триглицеридна форма), уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.

Möller’s содржи уникатна комбинација и највисока концентрација на природна омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутриенти кои се особено важни за правилен и целосен развој на мозокот, срцето, видот и придонесуваат за нормален имунолошки систем.

  • ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и видот.
  • ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.
  • Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.
  • Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид.
  • Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Без мирис и вкус на риба! Без токсини!

Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.

Препорачана дневна доза за деца на возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5мл (половина мала лажичка).

Препорачана дневна доза за деца од 3 години и возрасни: 5мл (полна мала лажичка).

Препорачаната дневна доза не смее да се надминува.

Неотворен производ да се чува на температура од 5 °C до 25 °C, на суво и темно место.

По отворањето, производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.

Производот е додаток на исхрана и не се употребува како замена за разновидна исхрана.

Да се чува подалеку од дофат на деца!

98% Масло од црн дроб на бакалар (риба), природна арома (јаболко), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли (антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д).

Состав За 2,5мл За 5мл
Масло од црн дроб на бакалар 2273 мг 4546 мг
Омега-3 масни киселини 560мг 1120мг
– ДХА (докосахексаеноична киселина) 255мг 510мг
– ЕПА (еикосапентаеноична киселина) 185мг 370мг
Витамин Д 5 мкг (200 и.е.) 100%* 10 мкг (400 и.е.) 200%*
Витамин А 125 мкг (416 и.е.) 15,5%* 250 мкг (833 и.е.) 31%*
Витамин Е 1,5 мг (1,65 и.е.) 12,5%* 3 мг (3,3 и.е.) 25%*

*Референтна вредност во ЕУ

Scroll to Top