Möller’s масло од црн дроб на бакалар ТУТИ ФРУТИ 250мл
Природни омега-3 масни киселини.
Правилен и целосен развој на мозокот.
Природна заштита и силен имунитет.
Здрави и цврсти коски и заби.
За подобра концентрација и меморија.
Чисто и квалитетно. Од норвешките ладни води на Лофотен и Вестерален.
Опис на производот
Möller’s масло од црн дроб на бакалар е природен извор на омега-3 (ДХА + ЕПА), добиено од див арктички бакалар кој е особено богат со природни омега-3 масни киселини (во триглицеридна форма), уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.
Möller’s содржи уникатна комбинација и највисока концентрација на природна омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутриенти кои се особено важни за правилен и целосен развој на мозокот, срцето, видот и придонесуваат за нормален имунолошки систем.
- ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и видот.
- ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.
- Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.
- Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид.
- Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Без мирис и вкус на риба! Без токсини!
Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.
Начин на користење
Препорачана дневна доза за деца на возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5мл (половина мала лажичка).
Препорачана дневна доза за деца од 3 години и возрасни: 5мл (полна мала лажичка).
Препорачаната дневна доза не смее да се надминува.
Неотворен производ да се чува на температура од 5 °C до 25 °C, на суво и темно место.
По отворањето, производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.
Производот е додаток на исхрана и не се употребува како замена за разновидна исхрана.
Да се чува подалеку од дофат на деца!
Состав
99% Масло од црн дроб на бакалар (риба), природна арома (микс од тропски овошја), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли (антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д).
| Состав | За 2,5мл | За 5мл |
|---|---|---|
| Масло од црн дроб на бакалар | 2282 мг | 4564 мг |
| Омега-3 масни киселини | 560мг | 1120мг |
| – ДХА (докосахексаеноична киселина) | 255мг | 510мг |
| – ЕПА (еикосапентаеноична киселина) | 185мг | 370мг |
| Витамин Д | 5 мкг (200 и.е.) 100%* | 10 мкг (400 и.е.) 200%* |
| Витамин А | 125 мкг (416 и.е.) 15,5%* | 250 мкг (833 и.е.) 31%* |
| Витамин Е | 1,5 мг (1,65 и.е.) 12,5%* | 3 мг (3,3 и.е.) 25%* |
*Референтна вредност во ЕУ
