Möller’s омега-3 рипчиња за џвакање МАРАКУЈА, 27 рипчиња
Природни омега-3 масни киселини + витамин Д.
Обожавани од децата поради оригиналната и разиграна форма на рипче.
Без мирис и вкус на риба!
Без вештачки бои. Без шеќер.
Опис на производот
Не можете да ги натерате вашите деца да јадат риба?
Оригиналните Möller’s Омега-3 рипчиња за џвакање со неодолив вкус на маракуја во само 1 (едно) рипче за џвакање на ден ја содржат потребната дневна количина на природни омега-3 есенцијални масни киселини (ДХА + ЕПА) и витамин Д.
- ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.
- ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и видот.
- Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на нормални заби.
Без мирис и вкус на риба! Без вештачки бои!
Начин на користење
Препорачана дневна доза за деца од 3 години и возрасни: 1 (едно) гумено рипче за џвакање на ден.
Препорачаната дневна доза не смее да се надминува.
Да се чува на температура од 5 °C до 25 °C на суво и темно место.
Да се чува подалеку од дофат на деца!
Производот е додаток на исхрана и не се употребува како замена за разновидна исхрана.
Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање.
Состав
Концентрирано рибино масло, засладувач: ксилитол, сорбитол и стевиол гликозиди; прочистена вода, желатин, регулатор на киселост: трисодиум цитрат, јаболкова киселина; природна арома на лимонов зелен лист (lemon verdant) и маракуја, антиоксиданси: аскорбинска киселина, боја: екстракт од пиперка, витамин Д (холекалциферол). Не содржи вештачки бои.
| 1 гумено рипче содржи: | |
|---|---|
| Концентрирано рибино масло | 560мг |
| Омега-3 масни киселини | 375мг |
| – ДХА (докосахексаеноична киселина) | 280мг |
| – ЕПА (еикосапентаеноична киселина) | 56мг |
| Витамин Д | 10 мкг = 400 и.е. (200%*) |
*Референтна вредност во ЕУ
