Möller’s ТОТАЛ 14 капсули + 14 таблети
Иновативна скандинавска формула.
25 активни состојки.
Витамини, минерали, омега-3, природни екстракти.
Опис на производот
Möller’s Total е скандинавски иновативен производ кој во една дневна доза комбинира една капсула и една таблета со вкупно 25 активни состојки. Оваа модерна формула е развиена во фабриката на Orkla, со големо внимание на деталите: капсулата е со мала големина и без вкус на риба по голтањето, а таблетата е во форма на бадем за полесно голтање.
Комплекс од 25 најважни витамини, минерали, природни екстракти и омега-3 масни киселини.
Преку активните состојки, Möller’s Total придонесува за:
- Намалување на заморот и исцрпеноста (фолна киселина, железо, магнезиум, витамин Ц, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12).
- Нормална функција на имунолошкиот систем (железо, селен, цинк, витамин А, Б6, Б12, Ц и Д).
- Витаминот Д е присутен и во капсулата и во таблетата, со што добивате вкупно 20мкг (800 и.е.) витамин Д.
- Нормална функција на срцето, мозокот и видот.
- ДХА придонесува за нормална функција на мозокот и видот.
- ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето.
Начин на користење
Земете една капсула и една таблета дневно со чаша вода.
По 3 месеци редовна употреба, се препорачува да направите пауза од 3 недели. За да ви помогнеме полесно да се потсетите на вашата дневна доза, блистерот е обележан со деновите од неделата.
Деца под 11 години, бремени жени и доилки не треба да го користат овој производ.
Möller’s Total е наменет за диететско регулирање на рахитис и нарушена функција на видот – ретинопатија.
Важна напомена:
- Да не се надминува препорачаната дневна доза.
- Производот не треба да го користат лица кои се преосетливи или алергични на риба или на некоја од состојките на производот.
- Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.
- Производот мора да се користи под лекарски надзор.
- Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана.
Начин на чување: Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на суво место, заштитено од светлина и влага, на температура од 15 °C до 25 °C.
Состав
Мека капсула: Концентрирано рибино масло (33% ЕПА / 22% ДХА), капсула: желатин, глицерол, прочистена вода; витамин Д3 (холекалциферол), сахароза, гума арабика, пченкарен скроб, триглицериди со среден ланец, трикалциум фосфат, ДЛ-алфа токоферол, антиоксиданс: екстракт богат со токоферол.
Таблета: Полнила: дикалциум фосфат, микрокристална целулоза, вкрстено поврзана натриум карбоксиметилцелулоза, трикалциум фосфат; магнезиум хидроксид; 3-4:1 хидроетанолен екстракт од корен од Корејски панакс женшен, со 8% гинсенозиди; витамин Ц / Л-аскорбинска киселина; малтодекстрин; витамин Е / ДЛ-алфа токоферол ацетат 50% (модифициран скроб, сахароза, пченкарен скроб, натриум силикат); средства за глазирање: соли на магнезиум масни киселини, хидроксипропилметилцелулоза, шелак, талк, модифициран скроб, хидроксипропилцелулоза, карнеуба восок; железен фумарат, витамин Б3 / никотинамид; цинк оксид; 20:1 хидроетанолен екстракт од корен Родиола роза, со 3% розазин и 1% салидрозид; цвет од глог и лист во прав (Crataegus monogyna / C. laevigata); витамин Б5 / Д-калциум пантотенат; витамин Д3 / холекалциферол 0,25% (сахароза, гума арабика, пченкарен скроб, триглицериди со среден ланец, трикалциум фосфат, дл-алфа токоферол); манган сулфат монохидрат; навлажнувачи: глицерол; бакар сулфат пентахидрат; витамин А / ретинол ацетат (гума арабика, сахароза, пченкарен скроб, натриум аскорбат, дл-алфа токоферол, силициум диоксид); витамин Б12 / цијанокобаламин 0,1% (малтодекстрин, тринатриум цитрат, лимонска киселина); витамин Б6 / пиридоксин хидрохлорид; витамин Б2 / рибофлавин; витамин Б1 / тиамин; триглицериди со среден ланец (од кокосово масло); фолна киселина / птероилмоноглутаминска киселина, хром (III) хлорид хексахидрат; натриум молибдат дихидрат; безводен натриум селенит; калиум јодид.
| Активни состојки | Во 1 таблета и 1 капсула | %НРВ* |
|---|---|---|
| Витамини | ||
| Витамин А | 250 µg | 100% |
| Витамин Б1 | 1,1 mg | 100% |
| Витамин Б2 | 1,4 mg | 100% |
| Витамин Б3 | 16 mg | 100% |
| Витамин Б5 | 6 mg | 400% |
| Витамин Б6 | 1,4 mg | 31% |
| Витамин Б12 | 2,5 µg | 100% |
| Витамин Д3 | 20 µg (800 и.е.) | 100% |
| Витамин Е | 12 mg | 100% |
| Витамин Ц | 80 mg | 100% |
| Фолна киселина | 200 µg | 100% |
| Минерали | ||
| Магнезиум | 85 mg | 23% |
| Железо | 7 mg | 50% |
| Цинк | 10 mg | 100% |
| Манган | 2 mg | 100% |
| Бакар | 1 mg | 100% |
| Хром | 40 µg | 100% |
| Молибден | 50 µg | 100% |
| Селен | 55 µg | 100% |
| Јод | 22,5 µg | 15% |
| Останати активни состојки | ||
| Екстракт од женшен | 100 mg | |
| – женшеноиди | 8 mg | |
| Екстракт од родиола | 10 mg | |
| Екстракт од глог | 10 mg | |
| Рибино масло | 569,7 mg | |
| – Омега-3 масни киселини | 375 mg | |
| – ЕПА | 180 mg | |
| – ДХА | 135 mg |
*Нутритивна референтна вредност според регулатива 1169/2011
