Број 1 омега-3 бренд во Норвешка
Информации: 02 2774 101 · Пон–Пет 8–16 ч.

Најчести прашања

Тука можете да најдете одговори на често поставувани прашања и други работи што можеби ве интересираат во врска со Möller’s и нашите производи.

Квалитет и безбедност

1. Дали има токсини во Möller’s маслата од црн дроб на бакалар?

Производите на Möller’s се целосно безбедни за употреба. Имаме опсежни процеси на пречистување во фабриката со кои се отстрануваат евентуалните штетни материи. Граничните вредности на токсини кај Möller’s се далеку пониски од оние на Европската Унија и се во согласност според Норвешката управа за безбедност на храна. Прочитајте детално и тука: Контрола на квалитет (линк: https://www.mollers.mk/kontrola-na-kvalitet/)

Möller’s маслото од црн дроб на бакалар не содржи PFAS хемикалии. Ова е затоа што PFAS хемикалиите не се врзуваат за мастите, како што се рибиното масло или маслото од црн дроб на бакалар, туку за протеините. Норвешките власти претходно вршеле годишни тестирања на морските масла, вклучително и маслото од црн дроб на бакалар, за присуство на PFAS, но никогаш не биле пронајдени траги од PFAS во овие производи.

Да, сите наши производи со масло од црн дроб на бакалар и омега-3 се сертифицирани од „Пријателот на морето“ (Friend of the Sea). Можете да прочитате повеќе за еколошката сертификација овде: friendofthesea.org (линк: https://friendofthesea.org/)

Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се добива исклучиво од див норвешки бакалар (Gadus morhua), кој норвежаните го викаат “скреи”, уловена во чистото и ледено Арктичкото море кај Лофотските острови во Норвешка. Процесот на производство се одвива по најстроги фармацевтски стандарди, без употреба на хемиски процеси, со моментална обработка веднаш по уловот за да се спречи оксидација. Секоја серија поминува низ повеќестепени лабораториски анализи за целосна чистота и отсуство на тешки метали, диоксини и други загадувачи.

Имаме строги барања и високи стандарди за нивото на оксидација на рибиното масло и маслото од црн дроб на бакалар што се користат во нашите производи.

Да. Масните киселини DHA и EPA, кои се главните активни состојки во производите на Möller’s, се меѓу најмногу и најдобро документираните хранливи материи во светот денес.

Нашите капсули се направени од говедски желатин.

Ниту еден од нашите производи не содржи глутен. Сите производи на Möller’s се без соја.

Капсулите со рибино масло се состојат од чисто масло од рибино мускулно ткиво, а маслото од црн дроб на треска се состои од чиста маст од црн дроб на бакалар. Алергијата на риба е предизвикана од реакција на протеин (алерген) во рибиното мускулно ткиво. Денешните методи на анализа не успеале да детектираат остатоци од протеини во рибиното масло/маслото од црн дроб на бакалар, па затоа сметаме дека е малку веројатно производот да предизвика алергиска реакција. Доколку сте хипералергични на риба, треба да разговарате со вашиот лекар и евентуално да го тестирате производот пред докторот.

Постои голема разлика во квалитетот меѓу омега-3 производите на пазарот. За да ви помогнеме да ја воочите разликата, ви препорачуваме:
– 1гр природна омега-3 дневно. Проверете ги информациите на пакувањето → количината на омега-3 во производот / дневната доза.
– Омега-3 богата со DHA и EPA. DHA и EPA се најважните есенцијални омега-3 масни киселини. Проверете ги информациите на пакувањето → количината на DHA и EPA во производот / дневната доза. Доколку овие информации не ги најдете на пакувањето, производот најверојатно не ги содржи.
– Природни триглицериди. Омега-3 може да има 3 форми: триглицериди, фосфолипиди и етил естери. Триглицеридите (риба) и фосфолипидите (планктон) се природни, додека етил естерот е синтетичка форма и не постои во таква форма во природата. Многу производи содржат етил естер бидејќи тоа е најевтиниот начин за преработка на омега-3.
Сите производи на Möller’s содржат омега-3 во нејзината природна состојба – триглицериди.

Употреба и дозирање

1. Кое е најдоброто време од денот за земање на производите на Möller’s?

Ова е целосно индивидуално и зависи од секој поединечен потрошувач. Земете го производот кога ви одговара и кога ви е најлесно во однос на вашата секојдневна рутина.

Секогаш треба да ги следите препораките за дозирање на производот, освен ако поинаку не е договорено во консултација со лекар. Особено треба да внимавате да не внесувате премногу од маснорастворливите витамини А, Д и Е. Доколку сосема ретко сте земале повеќе од препорачаната доза, тоа обично би било целосно безопасно.

Главната разлика помеѓу течното Möller’s масло од црн дроб на бакалар и омега-3 капсулите е тоа што додека маслото од црн дроб на бакалар и капсулите од масло од црн дроб на бакалар се прават од масло од свеж црн дроб на бакалар, маслото што се користи во повеќето омега-3 капсули (капсули со рибино масло) се прави со цедење на масло од цели мали риби, како што се инчуните. Друга разлика е во тоа што маслото од црн дроб на бакалар природно содржи витамини А и Д, додека маслото од мали риби мора да е дополнето со витамини А и Д. Омега-3 масните киселини DHA и EPA се наоѓаат во двата типа.

Да, неколку наши производи може да се комбинираат. Она на што треба да внимавате е да не комбинирате два продукта што содржат препорачано количество на витамин Д, А и Е. Ако се прашувате кои производи може да се комбинираат, има преглед за секој од производите на нашите страници за производи.

Нема правило што вели дека мора да ги земате производите на Möller’s со храна, тоа ќе варира од личност до личност во зависност од тоа што ви е најпријатно. Многумина сметаат дека е најдобро производите да се земаат со појадок или вечера наместо на празен стомак.

Како непишано правило, 2,5мл одговара на половина мала лажичка, додека 5мл одговара на една полна мала лажичка.

Не. Ова е старо правило кое настанало бидејќи токму во зимските месеци потребата од витамин Д е најголема. Но, маслото од црн дроб на бакалар содржи и други хранливи материи кои се важни за внесување во текот на целата година. Ново правило би било да се потсетувате и да земате масло од црн дроб на бакалар секој ден!

Бременост, бебиња и деца

1. Од која возраст може да се користи Möller’s маслото од црн дроб на бакалар?

Möller’s маслото од црн дроб на бакалар може да се користи од 6 месечна возраст. Möller’s маслото од црн дроб на бакалар е безбеден, може и се препорачува да го користат и трудници, доилки, деца, возрасни и постари лица.

За оваа група особено е важно да се дополнети со омега-3 масни киселини и витамин Д, кои се наоѓаат во маслото од црн дроб на бакалар и другите производи на Möller’s. Здравствените власти препорачуваат масло од црн дроб на бакалар за трудниците за да се обезбеди соодветно снабдување со витамин Д и DHA. Витаминот Д е важен за мајката во текот на целата бременост. Маслото од црн дроб на бакалар на Möller’s е богато со омега-3 масната киселина DHA, која е важна за развојот на мозокот и очите кај фетусот. DHA е исто така важна за развојот на видот во првата година од животот.

Да, внесот на омега-3 (особено DHA) е дури и препорачан во периодот на бременост (особено во последното тримесечие) и доење, бидејќи директно помага во правилниот и целосен развој на мозокот и очите кај плодот и доенчето. Сепак, бидејќи секоја бременост е индивидуална, секогаш советуваме идните мајки да се консултираат со својот гинеколог пред воведување на било каков додаток во исхраната.

Тешко е да се утврди на која возраст детето е способно да зема капсули. Тоа варира од дете до дете и зависи, меѓу другото, од големината на капсулата. Генерално, не препорачуваме капсули за деца под 3-годишна возраст поради ризикот од заглавување на капсулата во грлото. Мора да бидете апсолутно сигурни дека детето е способно да голтне капсула пред да му ја дадете.

Вкус и чување

1. Што да направам ако не го поднесувам вкусот на рибиното масло?

Сите ние имаме непријатни сеќавања од вкусот на рибиното масло што ни го даваа нашите баби. Möller’s омега-3 маслото од црн дроб на бакалар е современ, пречистен производ, кој со години е наградуван со признанието за супериорен вкус (Superior Taste Award) од iTQi Белгија (Меѓународен институт за вкус и квалитет), кој го обединува најквалификуваното жири во светот.
Möller’s омега-3 маслото од црн дроб на бакалар беше оценето во категоријата „производи за храна и здравје“, во однос на вкусот, мирисот и чувството по голтањето. Добиеното признание е резултат на исклучителната чистота на суровината, многу високите стандарди на процесот на производство, строгата контрола на квалитетот.
Дополнително, во Македонија ги имаме верзиите со вкус на лимон, зелено јаболко и тути-фрути (вкус на тропски овошја) што го ублажува класичниот вкус на рибино масло. Вкусот е подобар ако го чувате шишето во фрижидер. Доколку сепак не можете да се навикнете да го земате Möller’s омега-3 маслото од црн дроб на бакалар, тогаш дневната доза можете да ја измешате во сок, вода, млеко или чај (топло, но никако врело). Дневната доза исто така можете да ја измешате со вашиот оброк или во каша за деца, но притоа треба да бидете внимателни да се изеде целиот оброк.

Отвореното шише треба да се чува во фрижидер максимално три месеци, по што треба да се замени со ново. Möller’s маслото од црн дроб на бакалар е природен производ, без конзерванси и затоа е особено важно после секоја употреба внимателно да го затворите капачето.

Информации за рокот на траење на нашите производи можете да добиете со писмено обраќање на geoprom@geoprom.com.mk (линк: mailto:geoprom@geoprom.com.mk). Секогаш можете да бидете сигурни дека има доволно време за консумирање на производот пред да истече рокот на траење, но доколку купувате за подолг период на консумација, можеби е добра идеја претходно да проверите кај нас.

Ставете малку средство за миење садови директно на дамката, оставете го да делува околу 30 минути. Потоа исплакнете ја облеката добро и перете ја како и обично според упатствата.

Scroll to Top