Контрола на квалитет

СТРОГА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

Во Норвешка постојат многу строги стандарди во однос на квалитетот на додатоците во исхрана од рибино масло и маслото од црн дроб на бакалар, кои сите имаат за цел да го заштитат потрошувачот. Производите на Möller’s не само што ги исполнуваат овие стандарди туку ги надминуваат во многу случаи, како оние што се меѓународно воспоставени од Ph. Eur.* и GOED**.

* Ph. Eur. – Европска фармакопеја развиена од Европската дирекција за квалитет на лекови (EDQM), дел од Советот на Европа, Стразбург, Франција.
** GOED – Глобална организација за EPA и DHA Омега-3.

НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ

  • Одделот за квалитет во Orkla Health интервенира во секоја фаза од производствениот процес за да се осигура дека производите ги задоволуваат строгите барања за чистота, свежина, вкус и безбедност.
  • Тестовите често се изведуваат од сопствени и независни тимови за да се измерат вредностите како што се: степенот на оксидација, содржината на Омега-3, нивото на витамини итн.
  • Освен тоа, професионален тим за сензорна и аналитичка евалуација го вкусува маслото од црн дроб на бакалар од секоја серија – последен тест за тестирање на вкусот пред да се даде одобрување на финалниот производ.

НАЈВИСОКО НИВО НА ЧИСТОТА

  • Дивиот норвешки бакалар доаѓа од најчистите ладни води во светот каде што нивото на токсини и други нечистотии е минимално.
  • Сите масла се зачувани во нивната природна состојба – триглицериди, и се преработени со дестилација и молекуларно рафинирање – за да се зачува чистотата и свежината.
  • Orkla Health ја користи најнапредната технологија за отстранување на сите штетни материи и токсини. 
  • Производите на Möller’s редовно се анализираат и тестираат за да ги задоволат не само меѓународните стандарди, туку дури и построгите домашни стандарди.
Ниво на токсиниМаксимални граници во ЕУМаксимални граници во Möller’s
As, Arsene (mg/kg)0,10,025
Cd, Cadmium (mg/kg)0,10,01
Pb, Lead (mg/kg)0,10,025
Hg, Mercury (mg/kg)0,10,01
Benzo(a)pyrene (μg/kg wet weight)2,02,0
Dioxins (TE WHO)2,01,0
Dioxins and dioxin-like PCBs (TE WHO)5,01,5

НАЈВИСОКО НИВО НА СВЕЖИНА

  • Арктичкиот див бакалар се лови со мали, традиционални бродови, со редовни дневни испораки и обработка во најкус можен рок (за помалце од 24 часа).
  • Краткиот пат до местото за ловење и преработката на лице место се многу важни параметри за секогаш да имаме свежо масло од бакалар заштитено од оксидација.
  • Покрај тоа, Möller’s производите се збогатени со природни антиоксиданти за подобро да се заштитат омега-3 масните киселини.

Notice: Undefined index: disable_clientside_script in /home/mollersmk/public_html/wp-content/plugins/seo-image-alt-tags/classes/class-sit-scripts.php on line 26