Möller’s за бебиња

Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар се препорачува за бебиња на возраст од 6 месеци со цел во телото да се внесат есенцијалните масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е:

  • Омега-3 есенцијалните масни киселини се особено важни за оптималниот раст и развој на мозокот, видот и нервниот систем.
  • Витаминот Д е од витално значење за развојот на имунолошкиот систем, коскениот систем, забите и регулирање на употребата на калциум во клетките.

Ефикасноста на Омега-3 масните киселини е докажана од над 15.000 научни статии. Особено, маслото од црн дроб на бакалар може безбедно да се користи за време на бременост, доење и кај доенчиња. Со само една дневна доза од 2,5мл од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се надополнуваат дневните потреби за есенцијални масни киселини Омега-3 и витамините Д, А и Е.

Со редовно користење на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар и на есенцијалните масни киселини Омега-3 кај доенчиња придобивките за хармоничен раст и развој се големи:

  • Оптимален раст и равој на мозокот. ДХА е главна структурна маст во мозокот, нервните клетки и ретината на окото. Интересен факт е дека 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е ДХА. ДХА чини 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот. Во комплетната структура конечно оваа масна киселина достига до 97% од омега-3 мастите во мозокот и до 93% од омега-3 мастите во ретината. Една од најголемите промени во тек на бременоста но и по раѓањето, е растот и развојот на мозокот и акумулацијата на ДХА во нервното ткиво за време на последниот триместар од бременоста и првите две години од животот кај детето.  Во тој контекст за време на последниот триместар, мозокот расте околу 260%, и има средна тежина од 400 грама при раѓање, понатаму мозокот продолжува да расте дополнителни 175% за време на првата година од животот. Овој раст продолжува со дополнителни 18% за време на втората година. И покрај тоа што понатаму се случуваат значајни промени во адаптацијата и поврзаноста на нервните патишта за време на детството, адолесценцијата и раното зрело доба, мозокот расте само уште 21% во големина од 2 години па се до возрасен човек. Овие податоци укажуваат на фактот дека нај интензивен раст на мозокот е во последниот триместар од бременоста и првите две години од животот. Така и Nelson од Центарот за развој на децата од Харвард универзитетот во 2000 година објавува студија и анализа во која се покажува дека во првите години од животот формирањето на синапсите зависи од рана експресија и внесување на омега 3 масни киселини и дека секоја секунда во овој дел од животот се формираат по 700 нови синаптички врски.
  • Помалку настинки во текот на зимските месеци.
  • Корисни ефекти врз оптималното функционално созревање на ретината и визуелниот кортекс.
  • ДХА претставува 60-80% од сите полинезаситени киселини во структурата на ретинални фоторецептори, со улога во активирањето на родопсин и зголемување на визуелната острина. Интересен е наодот презентиран од Lim LS (Lancet, 2012) и Merle BM (Invest Ophthalmol Vis Sci, 2014) дека внесувањето на доволно омега-3 е поврзан сигнификантно со намалување на макуларната дегенерација кај возрасните луѓе која е инаку водечка причина за трајно оштетување на окото и појава на слепило.
  • Значително помал ризик за дијабетес тип 1 – хронична автоимуна болест со почеток во детството поврзана со абнормалности на метаболизмот на простагландин.
  • Во текот на првите две години клучни две компоненти за нормален развој се исхраната и емотивната комуникација со родителите. Квалитетната и здрава исхрана води до добро расположение, се зголемува способноста за развој на подобро внимание и се подобрува меморијата. Љубовта и конзистентна нега на бебињата носи продолжено задоволство, развој на позитивна личност која има способности да ги решава проблемите и има емпатија кон другите.

Многу е важно да ги навикнете малите бебиња на здрав начин на живот:➲ После утринскиот оброк додадете 2,5мл Möller’s во мала лажичка или измерете со шприц или дозерка

  • Дневната доза Möller’s можете да ја измешате во кашичка, супа, со вода, сок, топло(не врело) млеко или чај.
  • Бебињата се навикнати на млеко со температура на телото, па затоа пред да му дадете Möller’s на вашето бебе загрејте ја лажичката со топла вода. Внимавајте да не ја загреете лажичката со врела вода !
  • Обидете се да му дадете на вашето бебе Möller’s масло од црн дроб на бакалар наутро додека менувате пелена.
  • Вооружете се со трпеливост 🙂 Основите за здрав живот започнуваат со навикнувањето на Möller’s  маслото од црн дроб на бакалар.
  • Не заборавајте да се насмевнете 🙂