Омега-3 и витамините Д, А и Е

Есенцијални масни киселини(ЕМА)
Масните киселини се од витално значење за човековото тело, бидејќи тие ја формираат мембраната на секоја клетка во телото. Некои категории масни киселини се произведуваат по природен пат во нашето тело, додека други групи на масни киселини може да се добијат само преку исхраната. Оваа последна група се нарекува ЕМА (Есенцијални Масни Киселини) и е многу важно да се внесуваат во секојдневната исхрана за да имате здраво тело. Најважни омега-3 масни киселини за човекот се алфа-линолеичната (АЛА), еикосапентаеноичната киселина (ЕПА) и докосахексаеоничната киселина (ДХА). АЛА има растително потекло. Додека, ЕПА и ДХА уште се наречени морски масни киселини бидејќи скоро исклучиво ги има во рибите и други морски плодови. АЛА како базична форма на омега-3 се наоѓа во некои растенија како што е на пример лененовото семе, е исто така добра затоа што парцијално, но сепак во мали количини може да се конвертира во ДХА и ЕПА во телото. За жал оваа конверзија е доста ограничена и мала (пример само 8-20% од АЛА се конвертира во ЕПА и само 0.5-9% во ДХА), а докажано е дека ДХА и ЕПА имаат поголем здравствен бенефит од АЛА, како што е бустирање на кардиоваскуларното здравје и мозочната сила.

Постојат 2 категории на ЕМА:

  • Омега-6 -> Во современата исхрана, постојат многу извори на Омега-6 (семиња, ореви, растителни масла и сл.), Па поретко се внесуваат како додаток во исхраната.
  • Омега-3 -> Спротивно на Омега-6, денешната исхрана има голем дефицит на Омега-3 добиена од риба(потрошувачката на риба значително е намалена). Затоа, од суштинско значење е да се осигураме дека во нашето тело ќе внесеме доволно количество на Омега-3.

Омега-3 од риба
Омега-3 може да се добие на два начини: синтетичка Омега-3 и природна Омега-3 од морињата и океаните. Синтетичките Омега-3 немаат исти документирани ефекти како и природните, едноставно затоа што не содржат ДХА и ЕПА (мора да се претворат во ДХА и ЕПА во телото, за што е потребно време и е неефикасно). Природната Омега-3 е важен извор на ДХА и ЕПА.

Најважните природни извори на Омега-3:

  • Риби уловени во ладни води (лосос, сардини, харинга, аншоа, скуша)
  • Црн дроб од риба (особено бакалар)

ДХА и ЕПА
Природната Омега-3 од риба е богат извор на ДХА (докозахексаеноична киселина) и ЕПА (еикозапентаеноична киселина) – најважните масни киселини во семејството на Омега-3, бидејќи создава врски помеѓу клетките во целото тело и клучните компоненти во мозокот, срцето итн.

Во последниве децении се објавени многу научни трудови кои ја покажуваат улогата на ДХА и ЕПА во виталните функции како што се церебралната функција, циркулацијата, централниот нервен систем, видот итн.

Природни триглицериди
Омега-3 може да има три форми:  триглицериди, фосфолипиди и етил естер. Триглицеридите (риби) и фосфолипидите (планктон) се природни, а етил естер е синтетичка форма, во природата тоа не постои.

Сите производи на Möller’s содржат Омега-3 во природна состојба – триглицериди.

Витамин Д

Витаминот Д (калциферол) припаѓа на семејство на соединенија кои придонесуваат во спречувањето и лекувањето рахитис кај деца или остеомалација(омекнување на коски) кај возрасни. Овие две патологии се одговорни за деминерализација на коскеното ткиво како резултат на недоволна фиксација на калциум и фосфор во матрицата на коскената срцевина.
Сонцето е најважниот извор на витамин Д за човечкото тело. Изложувањето на сонце ги обезбедува дневните потреби. Друг природен извор на витамин Д е храната – риби уловени во ладни води (лосос, сардини, харинги, аншоа, скуша) или рибино масло – најбогат природен извор на витамин Д.

Улогата на витамин Д во телото:

  • е од суштинско значење за одржување на здрави коски и заби преку регулирање на апсорпцијата и употребата на калциум и фосфор во телото
  • му помага на имунолошкиот систем да придонесе за производство на моноцити (група на бели клетки кои се борат против инфекциии) и има имунорегулаторно дејство
  • придонесува за нормален раст и развој на телото, регулирање на употребата на калциум во клетките.

Неодамнешните студии покажуваат дека витаминот Д игра важна улога во намалувањето на ризикот од хронични болести, како што се разни неоплазми, автоимуни болести, инфекции и кардиоваскуларни заболувања.


Витаминот А придонесува за нормално функционирање на срцето и имунолошкиот систем, за одржување на нормален вид и за одржување на здравјето на кожата и мембраните на мукозата.

Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.


Notice: Undefined index: disable_clientside_script in /home/mollersmk/public_html/wp-content/plugins/seo-image-alt-tags/classes/class-sit-scripts.php on line 26