Уникатен процес на производство: од риба, во шише

Orkla Health – производител на Möller’s производите – Број 1 во нордиските земји за производство на додатоци во исхраната базирани на Омега-3, нуди производи со највисок квалитет и чистота потврдени со голем број сертификати за безбедност или индустриски стандарди, вклучувајќи:

  • GMP (Добра Производна Пракса): Највисок стандард за производство и контрола на квалитетот во фармацевтската област
  • HACCP (Стандард за безбедност на храната)
  • Од “Orkla Health Safety Standard”: Orkla Health е дел од Orkla Group и работи во согласност со сите поставени стандарди, многу строги правила, споредливи со Британскиот конзорциум за малопродажба (BRC), признаен ширум светот за управување со квалитетот и контрола во производството на храна.
  • Mattilsynet (Норвешки орган за безбедност на храната): примена на норвешки правила за безбедност на храната
  • ISO 22 000

Orkla Health е една од ретките компании кои произведуваат Омега-3 додатоци во исхраната, која има контрола над секоја фаза од производството, од тоа каде е уловена рибата до затварањето на секое шише – следливост низ целиот производствен процес.

Фабриката во Осло е една од најсовремените во Скандинавија:

  • ги користи најновите технологии за производство и складирање
  • контрола на квалитет во текот на целиот производствен процес
  • сите масла содржани во производите на Möller’s се обработуваат во затворена средина заштитени од оксидација
  • сите масла се зачувани во нивната природна состојба – триглицериди и се преработени со дестилација и молекуларно рафинирање – за да се зачува чистотата и свежината.