
Како што најверојатно знаете, мајчиното млеко содржи особено важни состојки за здравјето на детето. Но, дали знаете дека додатоците на Омега-3 може да имаат позитивни ефекти за развојот на мозокот и видот на бебето?
Оригиналното Möller’s Омега-3, масло од црн дроб на бакалар се препорачува и е безбеден за бремени жени и доилки, за да се внесат потребните есенцијални масни киселини Омега-3 и витамините Д, А и Е во телото:
- Омега-3 есенцијалните масни киселини се особено важни за оптималниот развој на мозокот и нервниот систем
- Витаминот Д е од витално значење за правилен развој на коските, забите и регулирање на употребата на калциум во клетките.
Ефикасноста на Омега-3 масните киселини е докажана од над 15.000 научни статии. Особено, маслото од црн дроб на бакалар може безбедно да се користи за време на бременост, доење и кај доенчиња.
Во CONSENSUS STATEMENT(сеопфатна анализа од експерти) објавен во British Journal of Nutrition во 2007 година, се препорачува внесување на масни киселини во бременоста и за време на доењето, по можност ДХА доза од мин.200 mg/ден (клиничките испитувања користеле дневни дози од 1g/ден или 2-7g/ден Омега-3 масни киселини, без несакани ефекти).
Според препораките на Светската асоцијација за перинатална медицина, Нутритивната академија на САД и фондацијата за здравје кај децата, препорачувана е суплементација со најмалку 200мг ДХА дневно во тек на последните 3 месеци бременост и период на лактација. Обезбедувањето на овие препорачани нивоа на омега-3 масни киселини носи бенефити кај детето како што се повисока интелегенција, подобра комуникациона способност и социјални комуникациони вештини, поретка појава на бихевиорални проблеми, намален е ризикот од успорување на психомоторниот развој, намален е рисикот од аутизам, АДХД и церебрална парализа (Strikland AD, Med Htpotheses, 2014; Judge MP, Am J Clin Nutr, 2007)
Во интраутериниот период(период од формирање на оплодено јајце до раѓање на целосно оформен фетус), предформираната ДХА во телото на мајката, во значителни количини е влезена во нервниот систем на фетусот со забрзана акумулација на фетусот во последниот триместар од бременоста (30-45мг/ден), за што е потребен минимален внес на исхраната од 200мг ДХА/ден кај мајката. По раѓањето, трансплаценталниот трансфер на ДХА кај мајката и плодот е дополнет со егзогениот внес на мајчиното млеко, кој обезбедува количина од 0.1-1g/100 ml, што е еквивалентно на 10-15mg/kg/ден, препорачана возраст на доенчето. Мајчиното млеко содржи повеќе од 200 масни киселини со различни степени на десатурација, што претставува околу 98/100 g од вкупните масти. Набљудувачките и интервентните студии нагласуваат дека секрецијата на ДХА во мајчиното млеко е тесно поврзана со внесот на исхраната кај мајката.
Внесувањето на есенцијални масни киселини за време на бременоста има големи придобивки за развојот на фетусот:

- Нивото на ДХА влијае на созревањето и фетален развој на фетусот 1, 2, 3
- Го намалува ризикот од предвремено породување1 пред 34 недела за 31% при нормална бременост и за 61% при ризични бремености

- Се добиваат корисни ефекти во развојот на визуелната острина, когнитивната функција и вниманието, квалитетот на спиењето, спонтана моторна активност, зголемен имунитет 1

- Го збогатува мајчиното млеко со есенцијални масни киселини 3

- Во клиничкото испитување спроведено од тим на лекари на Универзитетот во Осло, објавено во PEDIATRICS4, се покажа дека со земањето на масло од црн дроб на бакалар 10 ml/ден од 17 недела од бременоста и во текот на првите 12 недели од доењето, има подобрување од 4.1 IQ поени кај децата кога наполниле 4 години. Заклучокот од студијата е дека исхраната на мајката, соодветно дополнета со маслото од црн дроб на бакалар, влијае на понатамошниот ментален развој кај детето*.
1 Koletzko, Berthold et al (2007) CONSENSUS STATEMENT – Dietary fat intakes for pregnant and lactating women, Perinatal Lipid Intake Working Group. British Journal of Nutrition
2 Krauss – Etschmann, Susanne et al (2007) Effects of fish-oil and folate supplementation of pregnant women on maternal and fetal plasma Concentrations of DHA and EPA: a European multicentre randomized trial. American Journal of Clinical Nutrition
3 Henriksen, Christine et al (2008) Improved Cognitive Development Among Preterm Infants Attributable to Early Supplementation of Human Milk With DHA and AA. Pediatrics 121 (6)
*Helland, Ingrid B. et al (2003) Maternal Supplementation With Very-Long-Chain n-3 Fatty Acids During Pregnancy and Lactation Augments Children’s IQ at 4 Years of Age. Pediatrics 111(1), p.39-44