Висококвалитетни суровини

За да добиете квалитетни производи, од суштинско значење е да ги користите најдобрите суровини. Со историја од над 160 години, Möller’s има стекнато искуство и обучено генерации експерти за преработка на рибино масло и масло од црн дроб на бакалар. Тие знаат каде можат да најдат квалитетни суровини и како да ги претворат во најдобрите производи.

ДИВ НОРВЕШКИ АРКТИЧКИ БАКАЛАР

Möller’s
масло од црн дроб на бакалар се добива од норвешкиот див арктички бакалар, уловен во регионите Лофотен и Вестерален, на норвешкото крајбрежје на Арктикот, каде што се наоѓаат најчистите ладни води во светот (нивото на токсини и нечистотии е минимално). Бакаларот пристигнува тука помеѓу февруари и април за да се мрести. Потоа се ловат од локалните рибари на контролиран начин – според важечкото законодавство и притоа нема закани за видот. Дури и ако се зема само црниот дроб од бакаларот, ништо не се фрла, остатокот од рибата се користи за храна (се продава во локалните продавници и ресторани).
Бакаларот секојдневно се доставува од локалните риболовци во Лофотен и Вестерален и се обработува во рок од најмногу 24 часа. Црниот дроб на норвешкиот див арктички бакалар е одлична суровина поради големината на црниот дроб, есенцијалните масни киселини Омега-3 (ДХА и ЕПА) и витамин Д. Суровото масло се испраќа во фабриката во Осло, каде што дополнително се чисти и тестира во однос на содржината на омега-3 масни киселини, степенот на чистота, итн.


Notice: Undefined index: disable_clientside_script in /home/mollersmk/public_html/wp-content/plugins/seo-image-alt-tags/classes/class-sit-scripts.php on line 26