Триглицериди во крвта ?

Содржина

Триглицеридите се масти кои ги има во храната која секојдневно ја консумираме . Откако ќе јадете, триглицеридите се складираат во масните клетки во телото во случај да му бидат потребни подоцна при дефицит на храна или поедноставно вашето тело ги претвора калориите што не ви се потребни во триглицериди и ги чува во масните клетки за подоцна да се користат за енергија.

Разлика помеѓу триглицериди и холестерол ?

Холестеролот е вид маснотија која се произведува во црниот дроб, но го внесуваме и преку храната. Одговорен е за обезбедување интегритет на ѕидот на клетките и нивна стабилност. Од него се синтетизираат хормони – кортикостероиди кои овозможуваат живот и функционирање во стресни ситуации, како и на тестостеронот, естрогенот и прогестеронот, најважните хормони за репродукција.
Од холестеролот се синтетизира витаминот Д, неопходен за одржување здрави коски, производство на инсулин, заштита на нервниот систем и имунолошкиот систем на организмот, создавање жолчни киселини за разградување на мастите од храната и многу други значајни функции.
Триглицеридите обезбедуваат енергија, но нивната главна улога е да ја складираат енергијата во вид на резерва. Храната што ја консумираме содржи калории во вид на јаглехидрати, протеини и масти. Кога консумираме повеќе калории отколку што е потребно, а особено брзи јаглехидрати, калориите се складираат во форма на триглицериди.

Триглицеридите ви требаат за да го снабдите вашето тело со енергија, меѓутоа високата вредност на триглицериди во крвта може да го зголемат ризикот од појава на атеросклероза која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања. Често пати, заедно со покачените триглицериди е покачен и холестеролот во крвта.
Дебелина, неправилна исхрана со внес на повеќе калории, физичка неактивност, прекумерно користење на алкохол, намалена функција на штитната жлезда, неконтролиран дијабетес, возраста, сите овие фактори можат да придонесат за високо ниво на триглицериди во крвта.

Како да ги намалите триглицеридите во крвта ?

За да ги намалите триглицеридите во крвта морате да направите промени во исхраната. Започнете со физичка активност барем три пати неделно, пешачете и трудете се да останете што е можно повеќе подвижни. Физичката активност и промените во исхраната ќе ви помогнат да го регулирате и шеќерот кој вообичаено е во заедничка врска со холестеролот и триглицеридите и се главните причини за кардиоваскуларни заболувања.

– Вежбајте редовно
– Ограничете го прекумерниот внес на калории
– Ограничете го внесот на шеќер и транс мастите
– Ограничете го внесот на алкохол и користење на цигари
– Два пати неделно јадете масни риби (бакалар, лосос, туна, скуша) богати со есенцијалните масни киселини Омега-3 кои докажано помагаат за намалување на триглицериди во крвта
– Користете природен додаток во исхраната како што е Молерс маслото од црн дроб на бакалар кој содржи највисока концентрација на природна Омега-3(ДХА+ЕПА) и нема мирис и вкус на риба.

Mollers za pokaceni trigliceridi
Молерс – природно решение за покачени триглицериди и холестерол
Scroll to Top