Омега-3 придонесува да останете здрави

Омега-3 нуди бројни здравствени придобивки бидејќи придонесува за здрав развој и помага во одржувањето на општото здравје.

Здравствените власти препорачуваат внес на витамин Д во форма на капки за доенчиња уште од возраст од 1 недела, додека знаеме дека внесот на омега-3 масната киселина ДХА (DHA) кај мајката за време на бременоста придонесува за развојот на мрежницата на окото кај новороденчето, што е од клучно значење за острината на видот со кој го перцепираат надворешниот свет. Студиите покажуваат дека постои директна поврзаност помеѓу внесот на ДХА кај мајката и развојот на мозокот и видот кај детето.

Витамин Д и омега-3 во растот на децата

Во текот на целиот раст и развој на децата, витаминот Д е неопходен за развој на скелетот, па затоа, има ли поедноставно од земање една лажица Möller’s масло од црн дроб на бакалар секој ден од шест месечна возраст за да се поддржи овој фантастичен развој?

Деца и возрасните исто така имаат потреба од масните киселини ДХА (DHA) и ЕПА (EPA), кои претставуваат основни градежни блокови за одржување на функцијата на мозокот и срцето. ДХА исто така помага за одржување на нормален вид кај децата и возрасните од сите возрасти. Витамините А и Д придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем, овозможувајќи му на телото да биде подготвено за зимскиот период.

Омега-3 масни киселини

Омега-3 е заеднички термин за група од различни масни киселини. За дел од овие масни киселини е научно докажано дека имаат позитивни ефекти врз здравјето. Затоа е важно да избирате производи кои ви ги обезбедуваат оние типови на омега-3 што имаат потврдено и документирано дејство, а тоа се ДХА и ЕПА. Омега-3 масните киселини ДХА и ЕПА се долги, флексибилни масни киселини кои се посебно корисни во клеточните мембрани на срцето и крвните садови.

Бидејќи овие масни киселини се составен дел од речиси сите клетки во телото, омега-3 е важна за луѓето од сите возрасти. Möller’s маслото од црн дроб на бакалар ги содржи омега-3 масните киселини ДХА и ЕПА, како и витамините А, Д и Е. Доколку не сте љубител на течното масло од црн дроб на бакалар, имаме многу одлични алтернативни производи за вас и вашето семејство.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top