7 совети за подобра концентрација

Модерниот начин на живот става големи барања пред нас во форма на обврски на повеќе полиња и бескрајна низа задачи што треба да се завршат за кратко време. Дали ви е тешко да бидете доволно присутни во секојдневниот тек на настаните за да дадете сè од себе? Еве неколку совети за тоа како да ја зајакнете вашата способност за концентрација.

1. Приоритетизирајте, одберете и фокусирајте се

Работата, децата, партнерот, пријателите и семејството се важни – но не може сè да биде на ваша сопствена штета. Можеби е тешко, но обидете се да кажете „не“ следниот пат кога некој пријател ќе побара средба, а вие навистина немате желба, енергија или време. Кажете дека моментално не е вистинскиот час и наместо тоа, договорете нов, конкретен термин во иднина. И погрижете се да го испочитувате!

2. Спијте добро

Телото е целосно зависно од сонот за неопходниот одмор и закрепнување. Недостатокот на сон може да влијае и врз концентрацијата и врз способноста за учење, бидејќи токму додека спиете, мозокот ги складира за долгорочно помнење информациите што неодамна ги примил. Ако сте мајка на мали деца со време колку само да заспиете и веднаш да се разбудите, ова можеби и не ви звучи многу корисно. Но за сите останати кои имаат доволно време, спиењето од 7 до 8 часа секоја ноќ е одличен совет за подобрување на перформансите.

3. Вежби за мозокот

Мозокот е сличен на мускул што може да се тренира. Корисни се менталните предизвици како квизови и вкрстени зборови за да се одржи неговата острина. Учењето нови работи е посебно делотворно бидејќи создава нови врски помеѓу мозочните клетки.

4. Исхрана за мозокот

Целото тело, од глава до пети, има придобивки од добрата исхрана за да ги добие сите градежни блокови што му се потребни за оптимално функционирање. Мозокот, на пример, зависи од доволно ДХА масни киселини за нормално одржување на мозочните функции. Möller’s маслото од црн дроб на бакалар е безбеден и природен извор на витамините А и Д, како и на омега-3 масната киселина ДХА.

5. Вежбањето го изострува мозокот

Неодамнешните истражувања покажуваат дека ако сакаме да ги развиеме нашите ментални способности, побрзи резултати добиваме доколку се занимаваме со редовна физичка активност. Вежбањето ги зајакнува и меморијата и концентрацијата, покрај тоа што ви нуди долг список на добро познати здравствени придобивки.

6. Бидите умерени со алкохолот

Дури и мали количини алкохол ја намалуваат способноста на мозокот да складира нови спомени. Покрај тоа, високата консумација на алкохол може да доведе до редица други здравствени проблеми и негативно да влијае врз вашата општа кондиција. Накратко: следниот ден не функцинирате со својот полн капацитет. Но, можеби ова и не е никакво изненадување?

7. Јога или медитација

Учењето техники за релаксација и практикувањето да бидете повеќе присутни во моментот за некои луѓе може да биде клучот за повеќе енергија и подобар фокус во секојдневието. Сите форми на медитација и тренинг за свесност (mindfulness) ја подобруваат вашата способност за концентрација.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top