Во текот на нашите животи, сите се соочуваме со тешки периоди: стрес, густ распоред, испити, опоравување од различни болести или после долгорочен физички и ментален напор. Покрај урамнотежена исхрана и здрав начин на живот, на телото му треба и одредено дневно внесување на витамини и минерали.
Молерс Тотал е скандинавски иновативен производ кој во една дневна доза комбинира една капсула и една таблета со вкупно 25 активни состојки. Оваа модерна формула е развиена во врвната фабрика на Оркла во Данска со посветено големо внимание на деталите: капсула со мала големина без вкус на риба по голтањето и таблета во форма на бадем за лесно голтање.


Препорачана дневна доза: Земете една капсула и една таблета на ден со чаша вода. После 3 месеци редовно користење препорачуваме да направите пауза од 3 недели. За да ви помогнеме да се потсетите на вашата дневна доза, блистерот го обележавме со деновите од неделата. Деца под 11 години, бремени жени и доилки да не го користат овој производ.

Важнa напоменa: Да не се надминува препорачаната дневна доза; Производот не треба да го користат лица кои се преосетливи или алергични на риба или на некоја од состојките на производот; Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не е наменет како замена за разновидна исхрана; Производот мора да се користи под лекарски надзор; Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана.
Начин на чување: Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на суво место, заштитено од светлина и влага, на температура од 15°Ц до 25°Ц.
Норвешки квалитет од 1854 година