Menu

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

 

Зошто треба да внесуваме Омега-3 масни киселини ?

Телото на човекот е опремен со фантастичен имунолошки систем, кој не штити од болести. На неверојатен начин тој може да се бори против несаканите натрапници и дополнително да ги препознае за време на повторните напади. Möller’s маслото од црн дроб на бакалар содржи витамини А и Д, кои во значителен степен придонесуваат за одржување на имунолошкиот систем во добра состојба. Земањето масло од црн дроб на бакалар е всушност еден од наједноставните начини на кои можеме да се грижиме за нашето здравје. И децата и родителите ќе имаат големи здравствени придобивки доколку редовно, преку целата година го користат Möller’s маслото од црн дроб на бакалар, која е богата со Омега-3 и витамини А и Д, осигурувајќи го правилното функционирање на имунолошкиот систем.

 


Дали производот на Möller’s има докажан ефект?

Да. Масните киселини ДХА и ЕПА, кои се главните состојки во производот на Möller’s, се меѓу најдобро докажаните хранливи материи во светот денес.

 


Дали е опасно да се земe Möller’s маслото од црн дроб на бакалар повеќе од препорачаната дневна доза?

 Секогаш е добро да се почитуваат препораките за дозирање за производот или препораките дадени од лекарот. Треба да бидете особено внимателни да не ја надминувате препорачаната дневна доза на витамините А, Д и Е. Доколку сепак ја надминете препорачаната дневна доза, нема ризици, но треба да го избегнувате предозирањето на долг рок. Кај Омега-3 не постојат несакани ефекти во случај на предозирање.

 


 Дали е безбедно трудници и доилки да го користат Möller’s маслото од црн дроб на бакалар ?

 Möller’s маслото од црн дроб на бакалар може безбедно да го користат бремени жени и доилки за да се внесат потребните есенцијални масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е во телото. Есенцијалните масни киселини Омега-3 се особено важни за оптимален развој на мозокот и нервниот систем. Витаминот Д е од витално значење за развојот на коскениот систем, забите и регулирање на употребата на калциум во клетките.

 


 Како да разликуваме добри и лоши Омега-3 производи?

Постои голема разлика во квалитетот помеѓу постоечките производи Омега-3 на пазарот. Ајде да направиме разлика, ние препорачуваме:

 1g природна Омега-3 на ден. Проверете ги информациите на пакувањето -> количеството на Омега-3 во производот и дневната доза.

 Омега-3 богата со ДХА и ЕПА. ДХА и ЕПА се најважните Омега-3 есенцијални масни киселини. Проверете ги информациите на пакувањето -> количината на ДХА и ЕПА во производот и дневната доза. Ако не ги најдете овие информации на пакувањето, најверојатно производот не ги содржи.

 Природни триглицериди. Омега-3 може да има три форми: триглицериди, фосфолипиди и етил естер. Триглицеридите (риби) и фосфолипидите (планктон) се природни, а етил естер е синтетичка форма-во природата тоа не постои. Многу производи содржат етил естер, бидејќи тоа е најевтиниот начин за обработка на Омега-3.

Сите производи на Möller’s содржат природнаОмега-3 - триглицериди.

 


 Кога треба да се пие Möller’s маслото од црн дроб на бакалар? Пред или после оброкот?

 Не постои општо правило, тоа зависи од вашите навики во исхраната. Многу луѓе претпочитаат да го пијат Möller’s маслото од црн дроб на бакалар по оброкот, не на празен стомак. Наш совет е да создадете навика да ја земете ваша доза од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар после појадокот, за да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата дневна доза Möller’s.

 


 Како да измерам 5мл од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар?

 Како непишано правило, 5мл собира во една бебешка лажица, но во многу случаи 5мл од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар собира во една мала лажичка со мали варијации во зависност од формата. Половина мала лажичка собира 2,5мл со мали варијации во зависност од формата.

 


 Колку време може да се користи Möller’s маслото од црн дроб на бакалар по отворањето?

 Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар е чист, природен производ, без конзерванси. Откако ќе се отвори, шишето треба да се чува во фрижидер три месеци, а потоа да се замени со ново. По отварањето важно е внимателно да го затворите капачето на шишето за да се спречи долго изложување на оксидација. По 3 месеци, производот може да ги промени неговите својства (поради оксидација).

 


 Не го поднесувам мирисот на риба и рибино масло. Дали Möller’s маслото од црн дроб на бакалар го има тој мирис ?

 Сите ние имаме непријатни сеќавања за вкусот на рибиното масло кое ни го давала нашата баба.
Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар е модерен, префинет производ, со години добивајќи ја наградата за супериорен вкус од iTQi Белгија (Меѓународниот институт за вкус и квалитет), водечка светска организација посветена на сертифицирање на вкусови на производи за исхрана и пијалок, чии судии се избрани од 15-те најпрестижни европски асоцијации за кулинари и сомелиери.

Möller’s маслото од црн дроб на бакалар беше оценето како "храна и здравје" земајќи го во предвид вкусот, мирисот и сензацијата по голтањето.

Совршеноста на производот и наградата е резултат на:

 Исклучителната чистота на суровината

 Многу високи стандарди при процесот на производство

 Строга контрола на квалитет.

Вкусот е подобар ако го чувате шишето во фрижидер. Секогаш земајте го Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со чаша вода.

 


 Алергичен сум на риба и школки. Дали можам да го користам Möller’s маслото од црн дроб на бакалар ?

Алергијата на риба се должи на реакцијата на протеин (алерген) кој се наоѓа во рибиниот мускул. Денешните аналитички методи не успеаа да детектираат остатоци од протеини во маслото од црн дроб на бакалар и сметаме дека е малку веројатно дека производот ќе предизвика алергиска реакција. Ако сте хипер алергични кон рибите, разговарајте или најдобро пробајте го производот пред вашиот лекар.

 


 Има ли соја или глутен во производот на Möller’s?

Ниту еден од нашите производи не содржи глутен и соја.

 


 Зошто есенцијалните масни киселини се важни за здравјето ?

 Масните киселини се од витално значење за човековото тело, бидејќи тие ја формираат мембраната на секоја клетка во телото. Некои категории масни киселини се произведуваат по природен пат во нашето тело, додека други групи на масни киселини може да се добијат само преку исхраната. Оваа последна група се нарекува ЕМА (Есенцијални Масни Киселини), и е многу важно да се зимаат во секојдневната исхрана за да имате здраво тело.

 


 Постојат 2 категории на ЕМА:

 Омега-6 -> Во современата исхрана, постојат многу извори на Омега-6 (семиња, ореви, растителни масла и сл.), Па поретко се земаат како додаток во исхраната

 Омега-3 -> Спротивно на Омега-6, денешната исхрана има голем дефицит на Омега-3 добиена од риба(потрошувачката на риба значително е намалена). Затоа, од суштинско значење е да се осигураме дека во нашето тело ќе внесеме доволно количество на Омега-3.

 


 Можеме ли да бидеме сигурни дека производот на Möller’s е чист, не загаден и не содржи тешки метали?

Да, можеме да гарантираме дека сите наши производи се чисти и со најдобар квалитет. Нашите производи се сосема безбедни за децата и за возрасните. Ги преземаме сите мерки на претпазливост за да спречиме несакани состојки кои може да се најдат во рибите. Маслото од црн дроб на бакалар што го користиме, темелно се чисти во неколку чекори и се контролира до 8 пати во текот на целиот процес. Всушност, сопствените правила на Möller’s за чистотата на производот се многу построги од барањата на властите. Со користење на суровини од чисти морски површини, како што е бакаларот од Лофотен, го избегнуваме присуството на несакани штетни состојки.

 


 Како да ги исчистите дамките од рибино масло на облеката ?

Ставете малку средство за миење садови директно на дамката и оставете ја облеката околу 30 минути. Потоа убаво исплакнете и исперете ги алиштата.

Контакт


 ++38922774101

geoprom@geoprom.com.mk

 /MollersMacedonia