
Масло од црн дроб на бакалар 250мл
Möller’s е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне да се одржи здравјето на генерациите што доаѓаат.
Möller’s е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи кои се продаваат во аптеките ширум светот. Овие факти се резултат на голема посветеност што ние во Möller’s ги сфаќаме сериозно.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар е природен извор на Омега-3, добиено од див арктички бакалар, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.
Möller’s содржи уникатна комбинација на природна омега 3 и витамини Д, А и Е – нутритиенти кои се особено важни за оптимален раст и развој и за одржување на нормално здравје.
Дозирање и начин на употреба:
Препорачана дневна доза за возраст од 6 месеци до 3 години: 2,5мл.*
Препорачана дневна доза за возраст од 3 години и возрасни: 5мл.*
* Наша препорака е да ја земете вашата дневна доза Möller’s наутро после појадокот за да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата дневна доза Möller’s.
* По отварањето производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.
*За употреба на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар за бебиња кои се на исхрана со адаптирано или последователно млеко потребна е претходна консултација со лекар бидејќи адаптираното и последователното млеко во себе содржи витамин Д и ДХА есенцијални масни киселини.
Според препораките на производителот, Möller’sмаслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.
Состав | За 2,5мл | За 5мл |
---|---|---|
Масло од црн дроб на бакалар | 2300мг | 4600мг |
Омега-3 масни киселини | 575мг | 1150мг |
– ДХА (докосахексаеноична киселина) | 270мг | 540мг |
– ЕПА (еикосапентаеноична киселина) | 200мг | 400мг |
Витамин Д | 5мкг (200и.е.) 100%* | 10мкг (400и.е.) 200%* |
Витамин А | 125мкг (15,5%)* | 250мкг (31%)* |
Витамин Е | 1,5мг (12,5%)* | 3мг (25%)* |
Додаток на исхрана со вкус на лимон |
Придонесува за одржување на нормално здравје
1(една) лажичка (5мл) од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со вкус на лимон содржи >97% (4600мг) масло од црн дроб на бакалар.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со вкус на лимон во 5мл содржи 1150мг природни есенцијални масни киселини Омега-3 (ДХА + ЕПА) и витамини Д, А и Е.
ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето**.
ДХА придонесува за одржување на нормална функција на мозокот и видот***.
Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.
Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид и нормална функција на имунолошкиот систем.
Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
За целосен развој секоја капка е важна!
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со вкус на лимон е особено богат со ДХА. Научно е докажано дека ДХА придонесува за нормален развој на мозокот и видот. Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција и употреба на калциумот и притоа придонесува за одржување на здрави коски.
**Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА и ЕПА.
***Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА.
Норвешки квалитет од 1854 година
Möller’s не прави компромис кога станува збор за квалитетот. Нашето масло од црн дроб на бакалар се прави од свеж арктички бакалар, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка. Ние сме целосно посветени на нашата работа, произведувајќи ги најдобрите производи за вашето здравје уште од 1854 година, кога норвешкиот фармацевт Питер Молер го револуционизираше производството на масло од црн дроб на бакалар. Неговата иновација во процесот на екстракција – методот на екстракција со пареа, се користи и до денешен ден и на тој начин добиеното масло е особено прочистено, чувајќи ги сите квалитети на Омега-3 масните киселини и витамините Д, А и Е непроменети.
Möller’s – Природно и совршено, од првата до последната капка ❤
Ваши коментари:
„Најдобриот препарат со Омега за деца, веќе го користиме со вкус на лимон, баш би сакале да го пробаме и новиот вкус на зелено јаболко 😊“
– Слаѓана
„Благодарение на овој несекојдневен производ Moller’s , кој за мене е најдобар, ја подобривме крвната слика на мојата две годишна ќеркичка, а одличен е и за имунитет, и заедно со неа , пијам и јас. Вкусот е преубав. Од ❤ ви го препорачувам.“
– Драгче
„Моментално го користиме. Презадоволни ❤❤❤“
– Мери
„Одличен производ, вкусен и корисен. Го користиме и сме презадоволни 😊“
– Драгана
„Веќе втора сезона го користиме Молерс со вкус на лимон и многу сме задоволни – позитивно влијае и на имунитетот и на апетитот👍“
– Радица
„Молерс со вкус на лимон, моето дете веднаш го прифати и сам го бара. Љубов на прв вкус :-)“
– Елена
„Јас го користам сум многу задоволна и сака да го пие инаку имав проблем со сите други производи му мирисаа на риба.“
– Ана