Одржување на здрав имунолошки систем кај децата

Содржина

Ново поглавје започнува кога вашето дете започнува со посета во градинка. Поглавје од кашлици, настинки и грип! Еве неколку совети за да го одржите здравиот имунолошки систем на децата – и на целото семејството.

Happy children in white shirts in the sky

Првата година во градинка е година во која можете да очекувате дека вашето дете ќе се разболува – многу почесто, а најверојатно и вашето семејство ќе биде заразено. Еден по еден. Но, секогаш кога ќе добиете заразна болест, имунолошкиот систем произведува повеќе антитела и станува посилен и подобар во борбата против болестите.

За новороденчињата, тоа е друга приказна. Како што објаснува професорот Арне Спуркланд , експерт за имунолошкиот систем:
„Новородените бебиња, самите не произведуваат антитела. Пред да се родат, тие добиваат lgG антитела, а преку доењето ги добиваат и lgA антителата – и двете антитела ги добиваат од својата мајка. Ова ги штити децата во првите шест месеци од животот, сè додека не почнат да прават свои антитела “.

По шест месеци, бебињата и децата се потпираат на природниот имунолошки одговор на нивните тела во борбата против инфекцијата. Кога вашето тело има имунолошки одговор, некои од клетките кои се стимулирани од овој процес ќе останат и ќе произведат антитела. Ова значи дека следниот пат кога вашето тело ќе се сретне со истата микроба, веќе има антитела и ќе започне да произведува повеќе од нив многу побрзо за да се запре инфекцијата поефикасно. На овој начин функционираат и вакцините и тоа е причината зошто некои инфенции нè напаѓаат само еднаш во животот.

Значи, децата треба понекогаш да бидат болни за да останат здрави во иднина. Но, се согласуваме дека би било убаво ако вашето дете може да избегне да биде постојано болно. Па, што можете да направите за да му помогнете на имунолошкиот систем?

  1. Витамин Д.
    Неколку студии покажуваат дека витаминот Д му помага на имунолошкиот систем да ја одржи својата нормална функција. Норвешкиот здравствен систем препорачува давање додатоци кои содржат витамин Д на сите бебиња од шестмесечна возраст. На овој начин се осигурувате дека е задоволена нивната потреба од витамин Д.
  2. Миење на рацете нека биде забавно
    Со миење на рацете 20-30 секунди вие сте сигурни дека им помагате на вашите деца да се спречи ширењето на микробите. Добар трик е да ги натерате да пеат песна додека ги мијат рацете. Кога ќе завршат, ќе знаат дека ги миеле рацете 20-30 секунди. Вашите деца можат да го користат овој метод насекаде – во училиште, во куќа на пријател или во јавни тоалети.
  3. Пет дневно
    Норвешкиот здравствен систем препорачува секој ден да јадете пет порции овошје и зеленчук затоа што ова е лесен начин да го зголемите внесот на витамини. А, Ц, Д и неколку витамини од групата Б помагаат во функционирањето на имунолошкиот систем. И колку е поразновидно овошјето и зеленчукот што го јадете, толку подобро.
  4. Малку нечистотија е добро
    Запомнете дека секој пат кога ќе се инфицираме, имунолошкиот систем произведува повеќе антитела и станува подобар во борбата против болеста. Значи, децата треба да се тркалаат во калта, да ставаат валкани прсти во устата и да имаат контакт со животни што е можно порано.
Scroll to Top