Омега-3 водич: Што да купите и зошто ?

Содржина

Омега-3 масните киселини се многу важни за вашето здравје. За нормално функционирање, на телото му се неопходни еден голем спектар на незаситени масни киселини, бидејќи тие се составен дел на клеточните мембрани (мозокот, очите, срцето, итн.). Во основа омега-3 мастите се клучот за оптимално здравје. Оваа констатација е пред се поради фактот дека човекот не може овие масти да ги произведе сам и нашето здравје пред се зависи од внесот на омега-3 преку исхраната или суплементите, поради што се наречени есенцијални масни киселини. Внесот на храна која е богата со омега-3, како што е масната риба бакалар е најдобриот начин да се добие доволна дневна количина на омега-3. Доколку не сте љубител на рибите, можеби ќе сакате да размислите да земете омега-3 суплементи. Сепак, постојат стотици различни омега-3 суплементи и не сите имаат исти здравствени придобивки.

Mollers Molers Moler sirup syrup cod liver oil Omega-3 Молерс Молер Омега-3 Витамин-Д Vitamin D

Која храна е богата со омега-3 ?

Bakalar Mollers Molers Moler sirup syrup cod liver oil Omega-3 Молерс Молер Омега-3

Придобивки од Омега-3 масните киселини:

  • Придонесуваат за целосен и правилен развој на мозокот и мозочните функции.
  • Во 2010 година, студија од Универзитетот од Гетеборг покажала дека почестото конзумирање на Омега-3 значително покажува повисоки когнитивни достигнувања.
  • АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност) – поголем број на студии покажуваат дека омега-3 суплементите може да ги намалат симптомите на АДХД.
  • Вид. Придонесуваат за нормален вид и намалување на ризикот од макуларната дегенерација кај возрасните луѓе.
  • Бременост. Според препораките на Светската асоцијација за перинатална медицина, Нутритивната академија на САД и Фондацијата за здравје кај децата особено се препорачува внес на Омега-3 во тек на последните 3 месеци бременост и периодот на лактација. Внесот на омега-3 масните киселини во бременоста а и потоа, носи бенефити кај детето како што се повисока интелегенција, подобра комуникациона способност и социјални комуникациони вештини, поретка појава на бихевиорални проблеми, намален е ризикот од успорување на психомоторниот развој, намален е ризикот од аутизам, АДХД и церебрална парализа.
  • Внесувањето на Омега-3 есенцијални масни киселини за време на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување пред 34 недела за 31% при нормална бременост и за 61% при ризични бремености.
  • Рeвматоиден артритис. Суплементација со омега-3 ги намалува зглобните болки и вкочанетоста кај ревматоидниот артритис.
  • Остеопороза. Суплементација со омега-3 покажува значително подобрување на минералиазијата на коските под влијание на омега-3 со уште подобар ефект во суплементацијата со додавање на калциум.
  • Триглицериди: Омега-3 масните киселини значајно ги намалуваат триглицеридите.
  • Крвен притисок: Омега-3 масните киселини го намалуваат систолниот и дијастолниот притисок кај пациенти со хипертензија.
  • Холестерол: Омега-3 масните киселини го покачуваат „добриот“ ХДЛ холестерол во серумот, а го намалуваат нивото на “лошиот” холестерол.
  • Згрутчување на крвта: Го превенираат ексцесивното згрутчување на крвта со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести како што е коронарната срцева болест и мозочниот удар.
  • Масти во јетра. Суплементацијата со омега-3 масните киселини ефективно и ефикасно ги намалуваат хепаталните масти и инфлмацијата кај пациенти со не-алкохолната хепатална болест.
  • Омега 3 го намалуваат воспалението на мускулите.
  • Алцхајмерова болест. Внесувањето на повисоки дози на омега-3 го намалуваат менталното опаѓање во функцијата на мозокот(последица на стареењето), но и го намалуваат ризикот од развој на Алцхајмеровата болест.
  • Кожа. ДХА е структурна компонента на кожата. Таа е одговорна за здравјето на клеточните мембрани, што резултира со мека, влажна, еластична и кожа без брчки. Во основа дел од ефектите се должат и на влијанието на ЕПА која ја менаџира хидратацијата на кожата, продукцијата на масленоста на истата, превенција на хиперкератинизацијата на фоликулите на косата, го успорува стареењето на кожата и ризикот од појава на акни.
Mollers Molers Moler sirup syrup cod liver oil Omega-3 Молерс Молер Омега-3

Како да го одбереме вистинскиот Омега-3 производ ?
Овој детален водич објаснува сè што треба да знаете за омега-3 производите.

Постои голема разлика во квалитетот помеѓу постоечките Омега-3 производи на пазарот. Анализите покажуваат дека омега-3 суплементите се најкористените производи во целиот свет. На пример во САД над 20 милиони луѓе користат омега-3 суплементи. Но, секогаш се поставуваат некои прашања, како што се: Колку од суплементите на фармацевтскиот пазар се безбедни? Колку се квалитетни? Кој е најдобар суплемент кој може да го изберам?
Генерално мора да се каже дека потрошувачите мора да бидат доста внимателни при изборот на омега-3 производот.

Кои се клучните 8 прашања при набавка на квалитетни омега-3 масни киселини:

1. Дали може да внесам омега-3 масни киселини од риба?
Рибите како што се дивите бакалар, лосос, скуша, харинга, сардини се одличен извор на омега-3 масните киселини. Во основа треба да се охрабрите да ги конзумирате овие риби најмалку три пати неделно, а потеклото да им е од незагадена околина. Но факт е дека најголемиот број на луѓе не јадат доволно риба за да ги обезбедат минималните количества на ЕПА и ДХА.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се препорачува поради содржината на природни есенцијални масни киселини Омега-3, особено ДХА и ЕПА – во ефикасна концентрација, неопходни за оптимален раст и развој на мозокот и видот кај децата. Маслото од црн дроб на бакалар, исто така, содржи витамини Д, А и Е, кои играат важна улога во растот и развојот на коскениот систем(коски и заби), подобрување на капацитетот на антиинфективна одбрана(зголемен имунитет), подобрување на визуелната острина(вид) итн.

2. Како да сум сигурен дека рибата е без токсини?
Чистотата е круцијална и критична при изборот на риба или масло од риба. Реномирaните производители користат процес кој е наречен молекуларна дестилација за да ги отстранат токсините од рибиното масло. И покрај фактот што на сите производи ќе прочитате дека тие ги исполнуваат интернационалните стандарди за количината на полихлоринарани бифеноли (PCBs), диоксини, фурани и тешки метали, верувајте им на оние производители кои можат и го потврдуваат своето тврдење од независни лаборатории и агенции со сертификати за квалитет и анализа. Лабораториите и агенциите кои го издаваат тој сертификат треба да се акредитирани и да имаат беспрекорна репутација. Производителите кои не можат или не сакаат да го презентираат сертификатот за анализа не треба да се од ваш интерес и наједноставен совет е не купувајте ги нивните производи.
Затоа реномираните производители на Омега 3 производи како MÖLLER’S, ги презентираат нивните резултати од тестирањата за секој лот од производот. Маслото од црн дроб на бакалар, темелно се чисти во неколку чекори и се контролира не помалце од 8 пати во текот на целиот процес. Всушност, сопствените правила на MÖLLER’S за чистотата на производот се многу построги од барањата на властите. Со користење на суровини од чисти морски површини, како што е бакаларот уловен во чистите и ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка, се избегнува присуството на несакани штетни состојки.

3. Кои адитиви може да се најдат во омега-3 суплементите?
Одговори на ова прашање има многу! Но секако секој би сакал да користи суплемент кој е најчист без додатоци, па според тоа избегнувајте ги следните адитиви: вештачки бои, засладувачи, конзерванси, да нема шеќер, млечни производи, пченица, глутен, пченка, квасец, соја, сол, ореви, школки и генетски модифицирани организми (ГМО). Молерс во својот состав не содржи ниту еден од спомнатите вештачки и штетни додатоци.

4. Дали да одберам Молерс масло од црн дроб на бакалар или рибино масло ?
Дивиот арктички бакалар е еден од најбогатите извори на Омега-3 есенцијални масни киселини (особено ДХА и ЕПА) наспроти месото или другите рибини органи кои не содржат слични количини на ДХА и ЕПА. Поради оваа причина, изборот на додаток во исхраната бара внимателно проверување на содржината на ДХА и ЕПА.
На пример, многу од додатоците во исхрана, како што е рибиното масло во течна форма или капсули од 1 грам(а понекогаш и над 1 грам) содржат 0,5 грама на ДХА и ЕПА, количество недоволно за да се обезбедат посакуваните позитивни ефекти.
Во врска со можната токсичност на црниот дроб на бакалар, ова е апсолутно исклучено, ако се земе предвид дека производителот на Möller’s, е над 165 години познат токму за чистотата и многу високиот квалитет на своите производи, засновани на црн дроб на бакалар, од хемиски нетретирана риба. Додека да се наполни во шише, маслото минува низ не помалку од 8 контролни точки, елиминирајќи го остатокот или несаканите нечистотии/токсини. Покрај тоа, норвешките стандарди за производство се во многу аспекти построги од европските. Како заклучок, црниот дроб се користи затоа што е еден од најдобрите природни извори на есенцијални полинезаситени масни киселини ДХА и ЕПА. Можна токсичност е изјава без реална основа – од 1854 година (со оглед на тоа што норвешкиот фармацевт Питер Молер го патентираше неговиот метод за екстракција со пареа) маслото од црн дроб на бакалар е исклучително чисто. За неговото откритие, фармацевтот има добиено бројни награди и признанија.

5. Како може да се одреди свежината?
Двата најдобри начини да се одреди свежината на омега-3 суплементите е да се провери нивната пероксидна вредност и да се мириснат. Пероксидната вредност кај суплементот го одразува нивото на ранливост на маслото кога е складирано. Ранливоста е многу значајна затоа што ако во маслото од риба започне процесот на оксидација (со што станува ранливо) по внесување во телото кај човекот може да предизвика инфламација и клеточно оштетување. Во истиот контекст треба да имате во предвид дека ЕПА и ДХА се многу осетливи на процесот на оксидација. Ако пероксидната вредност е добра, вториот начин како да ја проверите свежината е да го мириснете производот. Ако мириса на скапана риба веднаш фрлете го тој суплемент. Она што го сакате е Омега-3 суплемент коj е вкусен. Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со години ја добива наградата за супериорен вкус – 2 добиени Мишелин ѕвезди од iTQi Белгија (Меѓународниот институт за вкус и квалитет), водечка светска организација посветена на сертифицирање на вкусови на производи за исхрана и пијалок, чии судии се избрани од 15-те најпрестижни европски асоцијации за кулинари и сомелиери. Молерс нема мирис и вкус на риба.

6. Како да се одреди силата и потентноста на омега-3?
За максимална потентност, Омега-3 производот треба да содржи доволна количина на ЕПА и ДХА. Но терминот „доволно“ е релативен и зависи дали ги внесувате омега-3 суплементите за одржување на своето здравје или за третман на некоја состојба. На пример ако земате омега-3 за лекување на кардиоваскуларна болест, ревматоиден артрит или канцер во тој случај препорачаната доза е поголема доколку истиот суплемент го земате за одржување на општата здравствена состојба. Омега-3 суплементот кој ви обезбедува околу 600мг ДХА и 400мг ЕПА дневно, во не повеќе од една доза е доволен за одржување на општото здравје.

7. Како да добијам најдобра биорасположливост од омега-3 суплементите?
Во момент кога ќе го купите својот омега-3 суплемент сакате да има максимална биорасположивост. Но неговата биорасположивост или способноста за апсорпција на состојките зависи од молекуларната структура на масните киселини. Општо земено овде важи девизата „не се плеткајте со мајката природа“, што значи колку е поприродна молекуларната структура, до толку е подобра апсорпцијата во телото на човекот. Затоа природните масла од риба како на Молерс имаат подобра апсорпција од прочистените или преработените, бидејќи тоа е многу блиску како да јадете цела риба.

8. Кои омега-3 суплементи се од одржливи извори?
Нашите океани се за жал преполни со риболовци и девастирани од употреба на предаторски риболовни техники. Како резултат на тоа многу од природните суплементи на омега-3 се направени од загрозени видови на риби. Затоа во САД при избор на омега-3 суплементот се советуваат купувачите да ги изберат оние кои имаат сертификати од Фондот за заштита на животната средина или од Морскиот совет за управување кои издаваат сертификат за одржливост на морската и океанската животна средина. Пораката е да се избира суплемент кој е добиен со еколошка одговорност и контрола на морскиот и океанскиот свет. Со прикажување на сината етикета на MSC (Советот за поморско управување) на амбалажата на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар, Orkla Health гордо промовира одржливи риболов практики и одговара на потрошувачите кои бараат производи кои ја поддржуваат одржливоста и грижата за животната средина.

Mollers Molers Moler sirup syrup cod liver oil Omega-3 Молерс Молер Омега-3 Витамин-Д Vitamin-D Vitamin-A
Mollers Molers Moler sirup syrup cod liver oil Omega-3 Молерс Молер Омега-3 Витамин-Д Vitamin-D Vitamin-A

Scroll to Top